
Владата го награди за лојалноста со место во управниот одбор на ПИОМ првиот човек на КСС
„Ве повикувам да побарате од Владата информација како тоа претседателот на КСС, како награда за тоа што не излегува на протестите со работниците за зголемување на работничките плати е награден со место во УО во Фондот. Ве повикувам да истражите како ги наградуваат своите партиски потрчковци во Пошта, истите кои праќаа мејлови за отчленување од еден во друг синдикат и потоа назначени во Надзорниот одбор во Пошта. Ако ги наградувате партиските полтрони, а ги напаѓате луѓето кои се борат за зголемување на работничките плати нема да не премислите. Ќе бидеме уште пожестоки и уште посериозно ќе ја сфатиме работничката борба, кажа Трендафилов.
Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски е избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Владата го именува Ралповски за член на УО како претставник на Синдикатот кој е репрезентавен член на Економскиот совет, во случајов КСС со одлука донесена на седница на 3 февруари.
Пет дена подоцна, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), Благоја Ралповски, постигнаа договор со Владата за потпишување поединечни колективни договори со кои вработените во управата и правосудството ќе имаат методолопгија за покачување на платите.
Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов тврдеше дека Ралповски е награден со место во УО во Фондот за здравство бидејќи не излегува на протестите.
„Ве повикувам да побарате од Владата информација како тоа претседателот на КСС, како награда за тоа што не излегува на протестите со работниците за зголемување на работничките плати е награден со место во УО во Фондот. Ве повикувам да истражите како ги наградуваат своите партиски потрчковци во Пошта, истите кои праќаа мејлови за отчленување од еден во друг синдикат и потоа назначени во Надзорниот одбор во Пошта. Ако ги наградувате партиските полтрони, а ги напаѓате луѓето кои се борат за зголемување на работничките плати нема да не премислите. Ќе бидеме уште пожестоки и уште посериозно ќе ја сфатиме работничката борба, кажа Трендафилов.
Ралповски пред неколку дена беше во Владата, кога беше постигнат договор за етапно покачување на платите кај административните службеници во управата и правосудството. На новинарско прашање дали ќе го поддржат протестот на ССМ, одговори дека покана немаат, но „ќе има поддршка“.
По постигнувањето на договорот, Ралповски изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски кој, како што рече, имал разбирање за овие вработените. Ралповски упати благодарност и до министрите, особено до министерката за финансии.
-Тука нема да застанеме. Ќе продолжиме со преговори зашто Општиот колективен договор во јавниот сектор е истечен. Треба да седнеме и да почнеме преговори околу потпишување нов Општ колективен договор, потенцира Ралповски.