Владата во Софија ќе разговара за нацрт договорот со С. Македонија за трансграничен проект

Документот ги уредува техничките, финансиските, правните и организационите прашања поврзани со подготовката, изградбата и работењето на објектот на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, јавија бугарските медиуми.

Бугарската Влада денеска ќе одржи седница на кој ќе разговара за нацрт-договорот со Владата на Република Северна Македонија.

Документот ги уредува техничките, финансиските, правните и организационите прашања поврзани со подготовката, изградбата и работењето на објектот на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, јавија бугарските медиуми.

На дневен ред на последната владина седница за оваа година се девет точки.