
Вкупните депозити со годишен раст од 10,5%, а кредитите од 13,6%
Вкупните депозити во јануари на годишно ниво се зголемени за 10,5%, во поголем дел поради порастот на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, бележат зголемување од 13,6%, под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес во корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.
Вкупните депозити во јануари на годишно ниво се зголемени за 10,5%, во поголем дел поради порастот на депозитите на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, бележат зголемување од 13,6%, под влијание на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес во корпоративниот сектор, соопшти Народната банка.
Паричната маса, во јануари 2026 година, е намалена за 1,4% на месечна основа, во поголем дел како резултат на падот на краткорочните депозити и на депозитните пари, при негативен придонес и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години. На годишно ниво, паричната маса бележи зголемување од 10,7%, поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, при помал раст и на готовите пари во оптек и на долгорочните депозити до две години.

Вкупните депозити остварија месечен пад од 1,0%, што се должи на намалените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 10,5% и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити, се зголемени за 0,5% на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните кредити забележаа раст од 13,6%, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Во јануари, депозитите на корпоративниот сектор забележаа месечно намалување од 2,1% како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, во услови на остварен раст на депозитните пари и на долгорочните депозити. Споредено на годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор бележат зголемување од 9,8%, поради растот на депозитните пари и на краткорочните депозити, а во помала мера и на долгорочните депозити во денари, додека долгорочните депозити во странска валута забележаа намалување.
Кредитите на корпоративниот сектор, во јануари, се зголемија за 0,4% на месечна основа, во поголем дел поради повисоките кредити во денари, при помал раст и на кредитите во странска валута. Во споредба со јануари претходната година, забележан е раст од 16,2%, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.
Овој месец, вкупните депозити на домаќинствата остварија месечен пад од 0,4% како резултат на намалените депозитни пари, додека останатите компоненти забележаа раст. Годишниот раст изнесува 11,3% и во најголем дел се должи на повисоките депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута.
Кредитите на домаќинствата, во јануари, бележат месечно и годишно зголемување од 0,5% и 11,2%, соодветно, како резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, е остварен месечен пад од 0,2%, при годишен раст 10,7%, додека станбените кредити се зголемени за 0,7% и 16,1% на месечно и на годишно ниво, соодветно. Во јануари, автомобилските кредити бележат месечно и годишно зголемување од 0,1% и 0,7%, соодветно. Кај кредитите одобрени на кредитните картички е забележано месечно и годишно намалување од 0,9% и 5,2%, соодветно, додека кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 15,0% и 0,8%, соодветно.
Кредитите одобрени врз други основи, во јануари, се намалени за 1,7% и 11,8% на месечна и на годишна основа, соодветно, се наведува во соопштението од Народната банка.