Виткоф: Разговори меѓу САД и Русија за војната во Украина ќе се одржат в недела во Џеда

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави за „Фокс њуз“ дека разговорите со Русија во врска со Украина ќе се одржат в недела во Џеда, Саудиска Арабија.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф изјави за „Фокс њуз“ дека разговорите со Русија во врска со Украина ќе се одржат в недела во Џеда, Саудиска Арабија.

„Ѓаволот е во деталите. Имаме тим кој заминува за Саудиска Арабија, предводен од нашиот советник за национална безбедност и државниот секретар, и мислам дека треба да ги разбереме тие детали“, изјави Виткоф во емисијата „Ханити“ на „Фокс њуз“.