Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами

„Во Флорида, делегациите на САД и Украина одржаа конструктивни состаноци како дел од тековните посреднички напори“, објави синоќа Виткоф на платформата Икс.

Специјалниот претставник на Белата куќа, Стив Виткоф оцени дека вчерашните разговори меѓу делегациите на САД и Украина во Мајами за мировно решение биле конструктивни.

„Во Флорида, делегациите на САД и Украина одржаа конструктивни состаноци како дел од тековните посреднички напори“, објави синоќа Виткоф на платформата Икс.

Како што рече, разговорите биле фокусирани на „стеснување на опсегот на отворени прашања и нивно решавање со цел да се пристапи кон сеопфатен мировен договор“.