
Виткоф: Збогатувањето ураниум и вооружувањето на Иран се црвената линија за САД
-Не смееме да дозволиме вооружување. Тоа ќе го дестабилизира целиот регион. Потоа на сите ќе им требаат бомби, а ние не можеме да го дозволиме тоа, рече Виткоф.
Збогатувањето на ураниум и дополнителното иранско вооружување претставуваат црвената линија за САД, изјави специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф.
Британските медиуми пренесуваат дека Виткоф изрази надеж дека постои шанса за сеопфатен мировен договор со Техеран.
-Не смееме да дозволиме вооружување. Тоа ќе го дестабилизира целиот регион. Потоа на сите ќе им требаат бомби, а ние не можеме да го дозволиме тоа, рече Виткоф.
Тој изјави дека има „силно чувство“ дека Иран е подготвен за преговори.
-Мислам дека наскоро ќе имаме големи најави за земјите што ги потпишаа Авраамовите договори, односно Бахреин, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Мароко и Судан.