Висок командант на Хезболах беше убиен во израелски напад врз Бејрут

Високиот командант на Хезболах, Ибрахим Акил, е убиен денеска во израелски воздушен напад на јужното предградие на Бејрут, јавува Ројтерс повикувајќи се на два неименувани безбедносни извори.

Еден од изворите рече дека Акил бил убиен заедно со членовите на елитната единица на Хезболах Радван додека одржувале состанок.

Акил е член на Советот за џихад, врховното воено тело на Хезболах, според Тајмс оф Израел.