Високо ниво на суша во речиси цела Грција

Со исклучок на неколку области во северниот и централниот дел на земјата и регионот Тесалија, Грција е во услови на суша на различни нивоа по високите температури и ниските врнежи од дожд во текот на минатиот месец, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија во Атина, во однос на индексот на суша во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците за влажноста на почвата од Коперник на Европската Унија, голем дел од Крит, Пелопонез, источниот дел на областа Македонија, Тракија и Лезбос се погодени од интензивна или екстремна суша (нивоа четири и пет).

Многу делови од Атика, Евија, централна Грција и Епир, како и многу острови се во состојба на умерена или значителна суша (нивоа два и три).

– По исклучително високите температури и ниските врнежи од дожд во јули, речиси целата земја е во повисоко ниво на суша за сезоната во споредба со почетокот на претходниот месец, пишува во анализата на Метео.

Објаснуваат дека проценката на условите на суша се базира на влажноста на почвата во слојот помеѓу 28 и 100 сантиметри под површината, а содржината на вода во овој слој е клучна за растот и приносот на многу земјоделски култури.