Винчиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампиони
Европската фудбалска федерација (УЕФА) одлучи денеска 44-годишниот Словенец Славко Винчиќ да го суди финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд.
За Винчиќ ова е второ европско клупско финале, откако беше главен судија и во финалето во Лига Европа во 2020 година во Севиља меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов Ренџерс.
Винчиќ оваа сезона судеше на седум натпревари во Лигата на шампиони, вклучувајќи го и реваншот во четвртфиналето меѓу Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.
Финалето во Лигата на шампиони е на програмата на 1 јуни на стадионот Вембли во Лондон со почеток во 21 часот.