Виктор Панчевски е нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација

На местото нов в.д. директор на ЈП Водовод и Канализација е назначен Виктор Панчевски.

– Панчевски доаѓа на позицијата како професионалец од јавното претпријатие Паркови и зеленила, со силна биографија кој значително може да придонесе во унапредување на работата на јавното претпријатие, информираат од Град Скопје.

Потенцираат дека „во наредниот период ЈП Водовод и Канализација, реализира сериозни проекти за кои неопходен е нов начин на менаџирање со претпријатието“.