Виктор Орбан на одмор во Хрватска, во непрепознатливо издание

Годишниот одмор на премиерот на Унгарија – Виктор Орбан, кој одмара на далматинските острови, влезе во четвртата недела, што може да се види од опуштеното и досега невидено издание, пренесува Вечерњи лист, кој напоменува дека Орбан бил виден за првпат со брада и очила за сонце и капа, па како таков е непрепознатлив дури и за своите сонародници.

Сепак, го препознал шефот на Комисијата за надворешна политика на унгарскиот парламент – Золт Немет и направиле заедничка фотографија која Немет ја објавил на Фејсбук.

„Локацијата на средбата не е откриена, но од рефлексијата на нивните очила може да се заклучи дека тоа е Заклопатица, поточно нејзиното пристаниште, на островот Ластово“ – пренесува Вечерњи лист.