Викендов нови цени на 2.500 производи, стартува Законот за нефер трговски практики
Викендов на сила треба да стапи законот за нефер трговски практики, а со него опфатени се околу 2.500 производи на кои профитната маржа не смее да им биде поголема од 10 отсто. Со негова примена, според очекувањата, трајно треба да се стави ред во хаосот со цените.
Контролата за тоа дали се применува од страна на трговците ќе ја спроведува комисијата за заштита на конкуренцијата.Со законот, покрај органичен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакување одреден производ на полица.
Во пракса, тоа ќе значи дека маркетите ќе треба да стават нови цени на сите продукти од листата. Од вторникот пак на сила е одлуката на Владата за ограничувања на маржата за околу 70тина производи кои се најдоа на листата на есенската кошница. Нејзиното спроведување го контролира Државниот пазарен инспекторат.
Од таму информираа дека на терен се излезени поголем број тимови кои ги чешлаат трговците, а кај некои од нив веќе се утврдени неправилности и за нив изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра. Бруто профитната маржа ќе биде ограничена до 10% на 73 производи во есенската кошница до крајот на октомври.