
Виз Ер известува: Привремен прекин на онлајн сервисите, препораки за патниците
Во периодот од 23 часот на 25 февруари до осум часот на 26 февруари нема да биде возможна резервација на билети за нови летови, измена на постојните резервации, онлајн чекирање, користење на функциите за резервација преку мобилната апликација на Wizz Air, како и преземање ваучери и услуги поврзани со корисничката сметка.
Онлајн сервисите на авиокомпанијата Wizz Air нема да бидат достапни во наредниот период поради надградба на системот, соопшти компанијата.
Во периодот од 23 часот на 25 февруари до осум часот на 26 февруари нема да биде возможна резервација на билети за нови летови, измена на постојните резервации, онлајн чекирање, користење на функциите за резервација преку мобилната апликација на Wizz Air, како и преземање ваучери и услуги поврзани со корисничката сметка.
„Сите летови ќе се одвиваат според планираното и оваа процедура нема да влијае на патниците кои веќе се чекирале или ги презеле своите бординг-карти“, се наведува во соопштението.
Wizz Air им препорачува на патниците кои патуваат во овој период да го завршат онлајн чекирањето и да ги преземат своите бординг-карти пред почетокот на планираниот прекин на системот. Доколку е потребно, за време на прекинот ќе биде овозможено бесплатно чекирање на аеродром.