Виена е прогласен за најдобар град за живеење во 2022-ра

Истражувачката компанија The Economist Intelligence Unit (EIU) годишно објавува извештај во кој ги рангира најдобрите и најлошите градови за живеење во изминатата година.

Во ова истражување, градовите беа разгледани и оценети во пет категории: безбедност, култура, здравство, образование и инфраструктура.

По третпат во изминатите пет години, Виена го зазеде првото место во најдобрите градови за живеење. Доби максимални бодови за безбедност, здравство, образование и инфраструктура.

Следуваат Копенхаген и Цирих, кој го дели местото со Калгари. На петтото место е уште еден канадски град Ванкувер, а во првите десет влегоа и Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.

Во извештајот се наведува дека средните градови во богатите земји генерално поминале исклучително добро во истражувањето.

Заедно со најдобрите градови за живеење, анализирале и кои се најлошите.

Најмалку поени во нивната анализа имал Дамаск во Сирија, потоа Лагос во Нигерија и Триполи во Либија.

Извештајот ги припишува нивните резултати на социјалните немири, тероризмот и конфликтите во секоја од земјите.