
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се среќаваат денес во 21:30 часот по македонско време во Алјаска, соопшти Белата куќа.
Двајцата лидери слетаа во Алјаска, објави „Њујорк тајмс“.
Во меѓувреме, дојде до пресврт во планот на разговорите во споредба со претходните најави. Имено, портпаролката на Трамп им изјави на новинарите дека Трамп и Путин нема да разговараат сами, како што претходно беше најавено, јавуваат светските агенции.
– На претходно планираната средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин сега ќе учествуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф – објави Каролин Ливит.
Ова се членовите на руската и американската делегација
Руската делегација ја сочинуваат:
Владимир Путин, претседател на Русија
Сергеј Лавров, министер за надворешни работи
Андреј Белошов, министер за одбрана
Антон Силуанов, министер за финансии
Кирил Дмитриев, директор на Фондот за директни инвестиции
Јури Ушаков, помошник на претседателот
Американската делегација ја сочинуваат:
Доналд Трамп, претседател на Соединетите Американски Држави
Марко Рубио, државен секретар
Хауард Лутник, секретар за трговија
Скот Бесант, секретар за финансии
Џон Ратклиф, директор на ЦИА.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека историската средба меѓу двајцата лидери би можела да трае од шест до седум часа.
Инаку, додека Доналд Трамп и Владимир Путин накратко позираа за фотографија на подиум, новинарите ја искористија приликата да им упатат прашања.
„Претседателе Путин, ќе се согласите ли на прекин на огнот?“, се слушна од толпата репортери. Друг новинар праша кој е ставот на Трамп за Путин.
Последното прашање – „Ќе престанете ли да убивате цивили?“ – предизвика реакција, со тоа што рускиот претседател покажа со раката кон увото, гестикулирајќи дека не ги слуша прашањата.
Двајцата лидери се повлекоа од платформата и заедно заминаа со ист автомобил кон местото на состанокот.
View this post on Instagram