
(Видео) Јоновски: Не постои државен грб кој отсликува мултиетничност
„Нема грб којшто ја прикажува мултиетничката состојба во смисол на тоа дека треба да биде збирштина на симболи. Југославија, југословенскиот грб е првиот случај каде што имаме претставување. Почетно кога е донесен '43 година има пет факели изразувајќи ги петте народи, потоа со препознавањето на муслиманскиот народ стануваат шест, но никаде не пишува кој факел е на кој народ. И Белгија е мултиетничка и Швајцарија е мултиетничка, федерации се со кантони се, но грбот е еден. Зошто да се интегрираат орелот и лавот? Имаме сулуда претстава дека грбот треба да биде направен од единечни симболи кои ни ги перцепираме како некои национални симболи. Такво нешто не постои“, вели Јоновски.
„Прашањето за грбот датира уште од многу поодамна, уште со осамостојувањето на Македонија ’91 година и целата јавна дебата е дека грбот треба да се усвои. Уставот од 17 ноември 1991 година не внесува симболите затоа што сѐ уште не се готови, туку само спомнува дека треба да се донесат со двотретинско мнозинство и уставниот закон вели дека ќе се донесат за шест месеци. Ниту знамето, ниту грбот не беа донесени во тие шест месеци и тоа е еден процес којшто опстојува уште од тогаш, вели проф. д-р Јован Јоновски, основач на македонското хералдичко друштво, околу последните слочувања околу идејата промена на грбот и додава дека нашите пасоши долги години беа без грб, во очекување дека прашањето ќе се реши.
„Значи прашањето на грбот е отворено уште од самиот почеток на осамостојувањето на Македонија, така што практично Македонија добива грб дури 2009- година и практично гледано, на македонскиот грб никогаш немало ѕвезда“, вели Јоновски.
Говорејќи за тоа како да се направи култура на почит кон државните симболи, Јоновски вели дека сите симболи се градат и нема симбол којшто е даден сам по себе.

„Тоа го гледаме во историјата на многу други држави, каде што прашањето на државниот грб треба да се гради. Во основа самиот државен грб е нешто коешто е донесено од елитата и потоа треба да се гради самиот однос. Најдобар пример е нашето знаме. 1995 година кога е донесено знамето никој не го сакаше, сите го нарекуваа „вентилатор“, општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ не го ни сменија до локалните избори. Сега ако гледаме ситуацијата е прилично променета. Значи ни требаше долго време тој симбол да го доживуваме поинаку. Тоа е исто со сите симболи“, вели Јоновски.
Околу тоа каков грб на Македонија и е потребен за да го отсликува мултиетничкиот карактер, а притоа никој да нема забелешки, Јоновски смета дека такво нешто не постои.
„Нема грб којшто ја прикажува мултиетничката состојба во смисол на тоа дека треба да биде збирштина на симболи. Југославија, југословенскиот грб е првиот случај каде што имаме претставување. Почетно кога е донесен ’43 година има пет факели изразувајќи ги петте народи, потоа со препознавањето на муслиманскиот народ стануваат шест, но никаде не пишува кој факел е на кој народ. И Белгија е мултиетничка и Швајцарија е мултиетничка, федерации се со кантони се, но грбот е еден“, вели Јоновски.
-Зошто да се интегрираат орелот и лавот? Имаме сулуда претстава дека грбот треба да биде направен од единечни симболи кои ни ги перцепираме како некои национални симболи. Такво нешто не постои“, додава Јоновски.
Целото интервју со проф. д-р Јоновски погледнете го во видеото.