(Видео) Јокиќ ги засени Дејвис и Леброн, НБА шампионот тргна со победа во плеј-офот

Кошаркарите на Денвер Нагетс го одбранија домашниот терен и славеа во првиот плеј-оф меч против Лос Анџелес Лејкерси со 114-103. Средбата во „Бол Арена“ во Колорадо понуди две интересни полувремиња, во кои двете екипи имаа свои моменти.

Лејкерси одлично влегоа во мечот и имаа двоцифрена предност во првиот дел, но потоа следеше пад и Нагетси дојдоа до егал.

Потоа во вториот дел шампионот заигра шампионски, со одлична одбрана и разигран напад го совлада ривалот за стартна предност.

Никола Јокиќ имаше круцијална улога во тимот на Денвер, уфрли 32 поени и фати 12 скока, а подели и седум асистенции.

Во таборот на Лејкерси се истакна Ентони Дејвис со 32 поени и 14 скока, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 27 поени на контото.