Хитот на Влатко Стефановски – „Кирилица“ доби нова визура преку интерпретацијата на популарниот актер Јовица Михајловски.
Изведбата на Михајловски е специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“ кој се случи во КЦ Бруталиск во Скопје во организација на Трн во чест на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, според кои е именувано нашето кирилично писмо, а кои се основоположници на глаголицата
„Еј, Би, Си, Ди, И, Еф, Џи
Учиме странски јазици,
Но најважно од се е
А,Б, В, Г, Д, Ѓ, Е
Да не ги заборавиме,
Нашиот јазик е македонски
Нашето писмо е кирилско,
Во аманет ни е оставено пред многу векови,
За многу векови- Кирилица.“
Концептот и идејата за оваа преработка на „Кирилица“ како и за видео спотот се на Јовица Михаловски, на текст и музика на Влатко Стефановски, а музичката реализација на Бранко Тасевски – виолина, Христијан Пазарковки –хармоника, Климент Петрески- гитара и Јован Пазаркоски –контрабас.