(Видео) Јовева: Бугарија нема право да диктира идентитет – ЕУ го почитува македонскиот народ

🔴 Во интервју за магазинот „Трилинг“ европратеничката од Словенија, Јовева, ја истакнува важноста на европската поддршка за зачувување на македонскиот јазик и идентитет во време на тешки предизвици. 🔴 „Искрена да бидам, којзнае што ќе им текне на Бугарите пак, или на некој друг. Бугарите беа први кои на времето ја признаа Македонија, па потоа се смени името и одеднаш има текна да бараат некои други, работи, правила, промени. Но сепак јас искрено мислам дека ова е последното. Последно и од нивна страна и од страна на ЕУ. Мислам дека е најреално, не можеме ништо веќе да промениме околу минатото, може да се фокусираме на сегашноста и на иднината и да се направи уште тоа што треба да се направи. Знам дека не е фер, многу работи не беа фер, но не треба да се дозволи, на бугарското, грчкото лоби да победи и мислам дека треба да има се даде уште тоа (уставни промени), бидејќи тоа на никој не му одзема ништо и после да се почне од нула, но без било какви правила или критериуми. Знам дека тоа е и официјалниот став на Европската Комисија, Европскиот Парламент, па и на Советот. Така што мислам дека нема да се дозволи, а ако треба и јас лично ќе се погрижам за тоа да не се допушти, вели Јовева.

„Јас сакам да гледам на овој заклучок, на овој извештај од позитивна страна. Не е се како што треба да е, но заклучокот, извештајот како таков во суштина е позитивен. Позитивен е во врска со напредокот на македонската земја кон ЕУ. Вистина е дека внатре има многу работи кои се позитивни за народот, за земјата. Во процесот на европристапувањето на пример Европскиот парламент во извештајот јасно кажува дека треба процесот да се забрза и дека Комисијата треба да помогне на Советот којшто го има следниот збор. Дека нема простор за никакви билатерални спорови, дека се потребни уште некои реформи, но генерално гледано е дека македонската држава е на добар пат – и со реформите и со процесот на пристапување. Можеби фали малку самокритика до Европската Унија во тој извештај, затоа што направи стварно многу политички грешки во минатото, па и во сегашноста. Народот токму заради тоа со право не им верува, или не ни верува. Тоа е таа позитивна страна.

-Инаку од бугарската страна, сакаа да провоцираат со „модерен“ македонски јазик. Тоа немаше да пројде никако. Затоа јас ова сега како што е не гледам како победа на бугарско-грчко лоби, туку на победа на нешто друго. Тоа е дека Европскиот Парламент со тоа кажува дека нема никакво право да кажува или да нарече кој народ постои, дали некој народ или јазик постои. Извештајот на крајот, сега како што е не значи дека парламентот оспорува било што во врска со македонскиот народ, идентитет или јазик, туку го признава и затоа тоа го нема во ивештајот. А Бугарите да „победеа“ ќе беше „модерен“ јазик, вели за магазинот „Трилинг“ европратеничката од Словенија Ирена Јовева која со блиц реакцијата насочена кон одредени европратеници „Ви треба чесност, интегритет и храброст за да го признаете македонскиот народ“ стана своевиден пример за достоинствено европско однесување во очите на македонските граѓани.

Околу тоа дали оваа позиција на официјална Софија и особено на европратениците оди и во насока на македонските власти дека уставните промени не се единствената и крајна цел на Бугарија, Јовева со став:

„Искрена да бидам, којзнае што ќе им текне на Бугарите пак, или на некој друг. Бугарите беа први кои на времето ја признаа Македонија, па потоа се смени името и одеднаш има текна да бараат некои други, работи, правила, промени. Но сепак јас искрено мислам дека ова е последното. Последно и од нивна страна и од страна на ЕУ. Мислам дека е најреално, не можеме ништо веќе да промениме околу минатото, може да се фокусираме на сегашноста и на иднината и да се направи уште тоа што треба да се направи. Знам дека не е фер, многу работи не беа фер, но не треба да се дозволи, на бугарското, грчкото лоби да победи и мислам дека треба да има се даде уште тоа (уставни промени), бидејќи тоа на никој не му одзема ништо и после да се почне од нула, но без било какви правила или критериуми. Знам дека тоа е и официјалниот став на Европската Комисија, Европскиот Парламент, па и на Советот. Така што мислам дека нема да се дозволи, а ако треба и јас лично ќе се погрижам за тоа да не се допушти, вели Јовева.

Целиот разговор погледнете го во видеото: