
(Видео) Јован од Виница дочекан со аплауз од соучениците – спаси 21 дете од пожарот во Кочани
Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кој спаси дваесетина млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште, а неговите соученици и професорите го дочекаа со аплауз.
Јован Костадинов, 19-годишното момче од Виница, кој спаси дваесетина млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште, а неговите соученици и професорите го дочекаа со аплауз.
Јован Костадинов од Виница е вистинки херој кој за време на пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, ги спасил животите на повеќе деца од клубот.
Мајка на едно од повредените момчиња, Јадранка Бреслиева, пред неколку дена, се огласи на социјалните мрежи и ја сподели приказната за момчето херој.
– Со голема благодарност и емотивна почит, би сакал да го споделам херојскиот чин на Јован Костадинов од Виница, кој не само што ги спаси животите на 21 дете во трагичната несреќа во ноќниот клуб во Кочани, туку го спаси и мојот син. Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж. Без да размислува, го зеде мојот син кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот, напиша мајката.
– Јован, на тебе ти го должам новото утре, новата насмевка, новата надеж и новиот живот на мојот син. За тебе нема зборови кои можат да го искажат моето благодарност и почит. Благодарност од дното на срцето. Ти ми го даде најголемиот подарок што може да го добие една мајка, го спаси животот на моето дете. Ти ќе останеш засекогаш во моите молитви и во нашите срца, напиша таа.
Mинистерот за здравство Арбен Таравари за Јован напиша дека не е херој само на Кочани туку и на цела наша држава.