(Видео) Јасна Бачовска Недиќ: Нè очекува изборна кампања полна со теории на заговор, омаловажување и црна кампања

Ковачевски претендира повторно да биде премиер, поделби, политички наратив, клима која е склона на теории на заговор. За ваквите теми вечерва зборуваме со универзитетската професорка Јасна Бачовска Недиќ вечерва во „Трилинг“, а со неа ги дискутиравме актуелните теми.

Новите поделби кои ги гледаме во политичката реторика води кон дискредитирање и градење и негативен имиџ на државата и ни одмага кон европските интеграција, вели гостинката.

Професорката вели дека ги имаме истите актери на политичката сцена.

Прво да кажам дека јас не очекувам некоја многу различна кампања од сите оние кампањи кои ги имаме досега, просто бидејќи ги имаме истите актери, немаме некои нови и свежи профили кои ќе влезат во кампањата и за парламентарните, но и за претседателските избори, потенцира таа.

Познат наратив кај политичарите.

Наративот е познат, единствено што можеби нешто ќе се промени во оваа изборна кампања може да е заради амортизираното политичко лидерство кое го имаме во двете главни политички опции, додава таа.

Професорката вели дека ова ќе биде идеолошко мотивирана кампања.

Ќе се оди на некоја идеолошко мотивирана кампања односно пораките кои ќе се праќаат кон гласачите ќе бидат идеолошки мотивирани. Мислам дека ние сега имаме исполитизираност која за македонското општество е типична веќе 30 години и живееме во долга и мачна незавршена транзиција цело време со политички кризи од голем тип кои го доведуваат државотворниот капацитет во прашање. Меѓутоа сега и во меѓународниот контекст имаме исполитизирани општества заради војната во Украина претходно Ковид кризата. Уште во изборите во ЕП во 2019 година, уште тогаш се водеа такви кампањи на исполитирани општества исто како кај нас, вели универзитетската професорка.

Професорката Јасна Бачовска Недиќ вели дека овде има клима која подлежи на теории на заговор.

Секако дека ќе се оди на омаловажување, црна кампања, етикетирање, а сето тоа е многу проблематично за ова општество. Сето тоа ќе подгрева сега ја имаме таа почва со социјални мрежи.

Во продолжение погледнете го целото интервју.