Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само три лица. Два месеци откако Пендаровски замина oд функцијата, тој побарал покрај 3-те редовно ангажирани лица, да му се одобрат финансиски средства за ангажирање на четврто лице, изјави Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Сумата која Пендаровски ја барал за ангажирање на 4тото лице е 51.000 денари. Стево Пендаровски ги манипулира граѓаните и лажно се претставува за скромен, а всушност бара повеќе пд тоа што јавно се го изјавуваше. Стево Пендаровски е истиот како кога беше претседател. Стево Пендаровски ги менува ставовите по потреба – вели Јаревски.