
(Видео) Јакимовски: Газев преку мртви, гледав јагленосани тела и семејства кои се распаѓаат
„Доволно беше во одреден момент едно шише вода да дадеш некому, доаѓаа возила со пијалоци, со вода, се носеа столчиња од ресторани, имаше и ќебиња бидејќи утрото беше студено. Значи многу работи се случуваа со брзината на светлината. Ете јас се се ставам последен, но им оддавам признание на сите што беа од Црвен крст, од МВР, болничари, доктори, медицински сестри, шофери на брзата помош. Имаше млади медицински сестри на кои јас би им дал признание за животно дело, додава Јакимовски.
-Самоиницијативно тргнав кон Кочани, веднаш штом рано утрото ја прочитав веста и таму на лице место кај болницата, каде што всушност требаше да се покаже една присебност, момент да ја покажеш таа од Господ дадена особина да им помагаш на луѓето, целиот ден останав таму.
-Имаше многу предизвици, почнувајќи од семејствата кои доаѓаа на лице место, обезбедување на неопходни работи во тие моменти коишто беа потребни за нив – транспорт, возила, имаше многу гужва – значи да помогнеш на било кој, да останеш во болницата. Имаше многу медицински екипи, од Црвениот крст беа. Точно дека малку се создаде еден хаос, но тоа беше контролирано. Премногу активности во исто време и мораше да се внимава затоа што едноставно не знаеш кој во тој момент доаѓа од страна на роднините и кој ќе го доживее шокот, раскажува за „Трилинг“, маратонецот Игор Јакимовски околу тоа што се случувало во тие 17 часа додека бил во Кочани.

„Доволно беше во одреден момент едно шише вода да дадеш некому, доаѓаа возила со пијалоци, со вода, се носеа столчиња од ресторани, имаше и ќебиња бидејќи утрото беше студено. Значи многу работи се случуваа со брзината на светлината. Ете јас се се ставам последен, но им оддавам признание на сите што беа од Црвен крст, од МВР, болничари, доктори, медицински сестри, шофери на брзата помош. Имаше млади медицински сестри на кои јас би им дал признание за животно дело, додава Јакимовски.
-Кај жртвите се упатуваа нивните семејства, бараа информации. Ми стигнуваа пораки да се помогне околу пронаоѓање на лицата, имаше и контакти со МВР и полицајците кои требаше да идентификуваат луѓе, па да им соопштуваат на роднините и семејствата. Луѓето не можеа да постигнат. Ние придржувавме семејства, пробувавме колку можеме да ги смириме, раскажува Јакимовски.
-Зошто на нашите грешки и несреќи треба да учиме и да ги поправаме, се прашува Игор и додава – не ли може конечно да се стави точка. Нешто мора да се промени.
-Сега гледаме дека нешто се прави, има конкретни акции, но дефинитивно треба нешто да се направи и тоа сите ние треба да го направиме. Институциите се тие кои треба да го спроведат тоа, но верувајте ми дека јас како граѓанин, родител, на било каков начин, дали со воспитување на сопственото дете, дали професор со воспитување на целото одделение, дали било каков лидер на некоја група, ние сите мора нешто да направиме и да доведеме се во ред, за да не доаѓа до ова. Па од ова не може нешто пострашно да има за да ни се отвори таа визија за нормален живот. Сите како дел од општеството мора да направиме се за да имаме подобро утро. Тука мора да се преземе нешто.
-Јас тргнувам од себе. Еве јас велам дека јас се гледам виновен затоа што сум родител и можеби како родител треба нешто повеќе да направам за моето дете. Иако тоа е полнолетно, чувствувам вина дека можеби не сум обрнал внимание во онаа мера во која што треба. Така би го дефинирал тоа и во иднина ќе се посветам онаму каде што се чувствувам лидер, во спортот, да делувам на моите спортисти коишто ги тренирам, вели Јакимовски.

„Години на молк водат до минута молк“, ќе констатира Мерсиха Шукри од Македонската филхармонија.
„Многу јасна порака. Тоа е тоа. Треба да се биде толерантен, но прашње е до кога и до која граница. Ова треба сите на разбуди. Дефинитивно треба добар „шамар“ да ни биде на сите. Мора да се освестиме, мора да преземеме нешто. Еден град е погребан во Македонија. Јас така го чувствувам Кочани. Тоа што го видов јас во неделата можам сободно да се изразам дека на тој град можеби ќе му треба цела генерација за да почне да живее. Не пет или десет години – цела генерација да се смени. Ќе требаат години и години за тој град да почне да живее нормално, вели Јакимовски.
„Добро е што гледаме конкретна акција, конкретно се збори, директно се посочува каде е вината, кој и како згрешил и јас првпат гледам една надеж. Јас сум длабоко уверен дека по трагедијата ќе следи обединување на секоја основа. Ви го тврдам 100% тоа и давам еден апел до сите – сите мора да се обединиме, затоа што ние немаме друга држава, сите сме тука, зардно тука живееме во нашата Македонија, сите сме од крв и од месо, сите сакаме среќно семејство, сите сакаме иднина. Јас не знам дали има уште некој што се храни со нешто друго и во ова време дали е потребно такво нешто? Апсолутно не. Ова треба дефинитивно да не обедини. Нека ме слушнат сите што се поделени по било каков основ – ова да не обедини сите, вели Јакимовски и додава дека бил на погребот да ги испочитува жртвите.
„Моето го направив“, заврши Јакимовски.
Целиот разговор со маратонецот Игор Јакимовски погледнете го во видеото.