(Видео) Ѓорѓевиќ: Јајцето претставува симбол на новиот живот кој се раѓа и воскреснува, затоа е поврзаноста со празникот
„Јајцето претставува симбол на новиот живот, на живот кој се раѓа и кој воскреснува, затоа е поврзаноста со празникот на воскресението Христово. Воскресението што ние го празнуваме е воскресение на бого-човекот, кој ги повикува луѓето да станат богови по благодет. Секое крштение е учество во смртта и воскресението Христово“ вели отец Милан Ѓорѓевиќ во најновото издание на Трилинг.
Тој вели дека „Философијата е нешто што не води кон мудроста, тоа е начин на живот, тоа е она што ни го нуди христијанскиот подвиг. Спокојот може да го разбереме во различни значења. Многу често тоа е инстант спокој, во христијанството спокојот е поврзан со мирот. Да имате мир значи да бидете во мир со останатите“.
„Не можете да имате внатрешен мир ако не бидете во мир со бога и со луѓето околу вас“ – вели отец Ѓорѓевиќ.
Тој посочува дека „кога зборуваме за милоста, ние посочуваме кон благодатта. Црквата има двојна улога во истријата во која живееме. Примарното е заедница на верните, црквата е телото христово. Црквата секогаш ќе биде тука да го преобрази времето, тоа е нејзината главна улога“.