(Видео) Ѓорчев: СДСМ на следните избори ќе го има најлошиот резултат во историјата

За Пржинската влада вели да не ѝ дозволиме на власта во 92 минута да го дискредитира изборниот процес, а потенцира дека на следните избори СДСМ ќе има најлош резултат.

Ова се дел од поентите на долгогодишниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на оваа партија, Влатко Ѓорчев кој вечерва е наш гостин во Трилинг. Тој доби исти прашања со заменик претседателката на СДСМ – Сања Лукаревска.

На новинарско прашање: Каде се грешките на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а каде се сега на СДСМ и ДУИ, тој проблемот го алоцира кај неправедно осудените луѓе и вели дека не може да се споредуваат овие две партии.

Било кои грешки во минатото не се споредуваат со ова сега. Овој зулум и во правосудството и во економијата на дневна основа во сите основи сме го немале во Македонија. Не може да зборуваме за било каква правда во Македонија, а да имаме 30 луѓе кои се осудени на вкупно 300 години зандана. Имате десетици и десетици деца кои со години растат без татковци поради свирепоста на владата на СДСМ и ДУИ заради луѓе кои имаат жестоки казни од оваа влада. Можеби требало да има казни, но да се дадат 300 години. Ова не е земја на слободата, вели Ѓорчев.

Што се однесува до Талат Џафери, Ѓорчев без да даде директен одговор вели дека сега се живее најлошо во државата, а како пример ги посочи секторите: образование, судство, економија, иселување.

Ѓорчев посочи дека кај народот има големо опозициско расположение, а дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои голема победа.

Извесна е победата на ВМРО-ДПМНЕ и новата влада, не треба да ѝ дозволиме на власта во 92 минути да направи работи кои ќе го дискредитираат изборниот процес.

Како идни коалициони преговори Ѓорчев вели дека најважно е ВМРО-ДПМНЕ да има 61 пратеник, а отпосле би се преговарало. Тој се осврна на тоа дека СДСМ ќе има најлош резултат.

СДСМ на следните избори ќе го има најлошиот резултат во историјата. Тој ќе биде полош дури и од коалицијата Сонце на Радмила Шекеринска, вели Ѓорчев.

Ѓорчев вели дека на секое поле Македонија оди назад. Како пример го посочува ЕЛЕМ.

Ако погледнете економски раст, Македонија никогаш немала помал економски раст. Порано доаѓаа луѓе во регионот да учат за инвестиции, сега не сме ни приближно до тоа, вели Ѓорчев.

За следен претседател Ѓорчев вели дека знае дека ќе победи кандидатот на опозицијата, а не на Стево Пендаровски.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение: