Нова сензација на последниот Грен слем турнир во Њујорк.
Новак Ѓоковиќ е елиминиран во третото коло на УС Опен од Алексеј Попирин, откако загуби по четири сета со 3-1 (6-4, 6-4, 2-6, 6-4).
Еден од најлошите мечеви на српскиот тенисер, не само оваа година, туку и во последните неколку сезони му донесе рана елиминација.
По три и пол часа борба, Ѓоковиќ ја доживеа најраната елиминација на еден Грен слем турнир од 2017 година и Австралија опен, а од 2006 година не застана вака рано во „големото јаболко“.
Новак во текот на целиот меч сервираше лошо и имаше дури 14 двојни сервисни грешки.
Ритернот не му служеше, особено на првиот сервис на ривалот.
Во првиот сет Попирин стигна до брејк на крајот од сетот, а потоа веднаш го притисна Ѓоковиќ на стартот од вториот сет и некако навести во кој правец ќе оди овој меч.
Во петтиот гем од вториот сет стигна до решавачкиот брејк, благодарение на кој стигна до 2-0 во сетови.
И покрај тоа што го доби третиот сет, говорот на телото на Новак не изгледаше добро.
Враќањето не вроди со плод и поразот беше неминовен.
Ова е прв Грен слем од 2004 година каде во осминафиналето нема да играат Ѓоковиќ, Федерер или Надал.