(Видео) Ѓиновска Илкова: Јас сум бунтовник во душа, особено на неправди

-Нашата професија е прилично тешка, затоа што немаме пишани зборови од каде можеме да учиме за како тоа треба да се направи, туку нашата работа е исклучиво практична. Она што е теоретски напишано се музичките дела, музичките композиции, теоретски како тоа треба, методиката на работа како треба да изгледа и јас секогаш кажувам дека треба да се поседува исклучителен слух, добар ритам и интелигенција со која ќе успее еден млад човек да го сфати професорот што сака да пренесе во изучувањето на вокалната техника, вели Ѓиновска Илкова.

Водечки оперски драмски сопран во државата во последните 30 години. Певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и силно сценско присуство. Редовен професор на Факултетот за Музичка уметност во Скопје. Дипломирала во класата на професорката Милка Ефтимова, магистрирала во Белград во класата на професор Радмила Бакочевиќ. Она што може хронолошки да се забележи е дека првите амбиции да се посвети на музиката се стекнати и добиени од родителите и од класниот раководител.

Гостинка во „Трилинг“ беше водечкиот оперски драмски сопран, Весна Ѓиновска Илкова.

„Пресудно беше мојата желба. Мојата желба за пеење. Јас од мали нозе го носам тоа во себе и како дете сум го покажувала на секој можен начин. Понатаму низ текот на годините тоа испрофирилало и некаде на седум годишна возраст јас за прв пат се запишувам во нижото музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ во Скопје и започнувам да го учам инструментот виолончело, со не толку голема страст, затоа што мојата страст беше пеењето, вели Гиновска Илкова и додава дека покрај уверувањата на сите тогашни претпоставени дека пеењето и учењето на оперското пеење доаѓа малку подоцна, прифатила да го изучувам инструментот виолончело.

„После завршувањето на нижото музичко училиште пресудна беше средбата со Симеон Гугуловски кој ме однесе кај неговата колешка, мојот професор Милка Ефтимова. Се сеќавам на првата средба која беше доста впечатлива и тогаш сакав да покажам се што знам. Веројатно го носев во себе само талентот и подоцна почнав да ја усовршувам вокалната техника, вокалното пеење.

-Нашата професија е прилично тешка, затоа што немаме пишани зборови од каде можеме да учиме за како тоа треба да се направи, туку нашата работа е исклучиво практична. Она што е теоретски напишано се музичките дела, музичките композиции, теоретски како тоа треба, методиката на работа како треба да изгледа и јас секогаш кажувам дека треба да се поседува исклучителен слух, добар ритам и интелигенција со која ќе успее еден млад човек да го сфати професорот што сака да пренесе во изучувањето на вокалната техника, вели Ѓиновска Илкова.

Ќе треба да направам публиката да го почувствува она што јас го пренесувам – дали е тоа израз на љубов, љубомора, страв или пак бес, нервоза или било што., тоа мора да помине низ моето тело и таа моја емоција да ја пренесам до публиката, до секој еден слушател. Тоа е тешко.

Фото: Трилинг / Весна Ѓиновска Илкова

„Мора да се влезе во ликот, мора да се влезе во делото. Мора да бидеш комплетен во него. Не само таа вечер на сцената, туку претходните неколку месеци подготвувајќи се да излезеш на сцената. Не ретко ми се случувало моите домашни ги препознаваат моите разлики на Весна која што е во домот и на Весна којашто ја подготвува една од улогите кои се зададени. Морам да кажам дека дури и јас на самиот почеток не бев свесна за тоа. Со текот на времето почувствував дека е вистински така, но тоа е тоа. Тоа е уметникот.

-Јас си ја сакам својата работа. Секое ново дело, секоја нова композиција, секоја убаво отпеана нота мене ми е задоволство. Јас во правата смисла на зборот сум уметник.

„Да. Темата е извлечена од секојдневието. Приказна која по многу нешта е својствена и за нашето денешно модерно живеење, но она што е особено битно ако зборуваме за операта „Тоска“ од музички аспект бара зрелост и еден оформен карактер во себе за да може тоа да се даде на вистински начин“, вели Гиновска Илкова на прашањето дали „Тоска“ на Пучини и љубовта, страста, љубомората и политичките интриги, односно оперскиот трилер се пресликува и во денешницата.

-Јас сум бунтовник во душа, особено на неправди“, додава Ѓиновска Илкова.

„Мене ми е многу драго што во мојата работа, во мојот кариерен пат се што сум работела, се што сум отпеала бил за тој одреден период. Значи многу е битно за пејачот да не влегува пред време во ликови за кои не е, или гласовно созреан, или емотивно созреан. Многу е битно да се погоди моментот и многу ми е драго што сум влегувала во претстави во продукции кои сум можела со една леснотија и со своевидно музичко изразување да го пренесам на сцената, на публиката. Многу голем дел од моите улоги се земени во овие средни години и мислам дека патот на еден пејач треба да биде таков. Треба да биде внимателен, треба да биде сигурен и не по секоја цена да се прифаќа било каква улога.

Фото: Трилинг / Весна Ѓиновска Илкова

-Еве еден пример: Оваа година имаше отворање на Мајските оперски вечери со операта „Трубадур“. Дирекцијата ми ја довери партитурата и покрај тоа што долги години сум ја пеела, но сметав дека на тој лик на Леонора му прилага полирски глас. Ние како уметници како созреваме така и биолошки нашиот часовник на некој начин работи, така што мора да бидеме реални и да прифатиме дека во тој одреден момент, таа улога не е повеќе за твојот глас. Не е затоа што гласот е повеќе драмски, повеќе опширен, бара некоја поголема димензија на изразување, поголем волумен итн.

-Одговорноста на сцена е моја. Може да ме испочитува Дирекцијата и од иск причини, но одговорноста на сцената и оној стрес кој го доживува самиот уметник е личен. Улогите коишто имаат во себе, носат големо музичко драмско дејство. Мене не ме исполнува музика која е кратка. Не ме исполнува музика која на во еден краток сегмент има мое претставување. Јас сакам да има дејствие, движење на сцената, сакам да се случува слика во слика, претстава во претстава. Тоа е она за кое сонував уште како дете“, вели Ѓиновска Илкова.

-Имав соработка со Влатко Стефановски. Ме покани да бидам гостин на неговиот концерт, со задоволство прифатив и тоа е еден несекојдневен спој на глас и електрична гитара.

Целиот разговор со водечкиот оперски драмски сопран, Весна Ѓиновска Илкова погледнете го во видеото.