Со помош на силниот ветер пожарот доцна синоќа стигна до предградието на градот Измир во западна Турција.
Надлежните итно евакуираа речиси 1.500 граѓани од осум населени места, а околу 2.500 пожарникари со речиси 300 возила речиси 48 часа се борат со пожарот.
#يحدث_الآن ــ حرائق الغابات في #إزمير #تركيا تصل الاحياءالسكنية 🇹🇷 #izmir #turkey 🔥pic.twitter.com/UxU1TgoCkQ@Arab_Storms
(أيودأحدكم أن تكون له جنة من نخيل وأعناب تجري من تحتها الأَنهار له فيها من كل الثمرات وأصابه الكبر وله ذرية ضعفاءفأَصابها إِعصارفيه نار فاحترقت)— AMIN. (@aminalsultan) August 16, 2024
Локалните медиуми јавуваат дека стотина граѓани се хоспитализирани и дека изгореле неколку десетици куќи.
#izmir yanıyor!!!!!!! pic.twitter.com/Uhs2b03Z2v
— Arzu Afrodit Elma (@aarzuelma) August 16, 2024
Драматичната снимка од Измир покажува цели згради во пламен и целиот град покриен со густ чад.
İzmir Karşıyaka’da alevler binaya sıçradı. pic.twitter.com/c2BvmO9KY0
— Pusholder (@pusholder) August 16, 2024
Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) рано во саботата соопшти дека напорите за гаснење пожари по воздушен и копнен пат продолжуваат во различни делови на Турција.
АФАД наведува дека околу 5.000 пожарникари гаснат пожари во различни делови на Турција со помош на 90 авиони и хеликоптери и 1.218 возила.