(Видео) Штрајкуваат вработените на ЈСП: Бараат повисоки плати

Нецели 2 и пол часа траеше штрајкот на Членовите на синдикалната организација Спајс при јавното сообраќајно претпријатие утрово пред дирекцијата во Автокоманда, објави ТВ24.

Вработените кои штајкуваат тврдат дека нема усогласување на минималната плата со колективниот договор на ниво на работодавач, дека се кршат правата од работен однос како и прекршување во делот на безбедноста при работа.

Членовите на спајс бараат повисоки плати, плаќање на прекувремената работа, водење точна електронска евиденција на возачкиот персонал и платена хранарина за трета смена. Децидни се дека Штрајкот бил законски најавен, бидејќи претходно испратиле предупредување до раководството на ЈСП „Скопје“ и до в.д. директорот.

Одлуката да се прекине штрајкот ја донесоа во седум часот по што членовите кои беа на смена се вратија на работните места, од организацијата потенцираа дека тоа го сториле во интерес на граѓаните, а преговорите со претпријатието продолжуваат и понатаму.

Спајс не е репрезентативен синдикат на ЈСП, а за нивниот штрајк не добија ниту поддршка од другите 3 синдикати.