(ВИДЕО) Штерјова Симоновиќ: Системот затаи во случајот со убиството на Росица

➡ Не може истото обвинителство што го водело случајот да истражува дали самото тоа обвинителство направило некаков пропуст. Истото се однесува и на постапувањето на судот. Ние во овој момент како организација која ги застапува правата на жените и пред се заштита на жртвите не можеме точно да посочиме каде е вината. Многу работи прочитавме но тоа се сепак само фрагменти од една целосна слика. Но една од работите што ги имаме и во барањето што го испративме во реакцијата заедно со останатите женски организации е да се спроведе целосна, темелна и објективна истрага, потенцира Штерјова Симоновиќ.

„Живот на Росица можно е да беше спасен доколку се постапеше согласно сите утврдени законски и подзаконски процедури и правила кои што ги имаме во државата“, изјави за магазинот „Трилинг“ Хајди Штерјова Симоновиќ, Национален координатор на мрежата против семејно насилство врз жената и семејно насилство.

Околу изјавите на министерот за внатрешни работи дека МВР навремено реагирало и притоа вината ја префрли во обвинителството и судството, Штерјова Симоновиќ вели дека ја немаме целосната слика што точно се случувало во изминативе месеци во животот на Росица за точно да можеме да дијагностицираме и да покажеме со прст „тој е крив“.

„Системот затаил. Не може истото обвинителство што го водело случајот да истражува дали самото тоа обвинителство направило некаков пропуст. Истото се однесува и на постапувањето на судот. Ние во овој момент како организација која ги застапува правата на жените и пред се заштита на жртвите не можеме точно да посочиме каде е вината. Многу работи прочитавме но тоа се сепак само фрагменти од една целосна слика. Но една од работите што ги имаме и во барањето што го испративме во реакцијата заедно со останатите женски организации е да се спроведе целосна, темелна и објективна истрага“, потенцира Штерјова Симоновиќ.

Целиот разговор погледнете го во видеото