(Видео) Шоуто продолжува: Апасиев вели дека е како Џорџ Буш, со чевел удира печати на амандманите

„Како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот“, рече Димитар Апасиев, човекот којшто го носи епитот „професорот“ и баш со „универзитетски манири“ удираше печат на амандманите на Левица.

Откако се случи инцидент во Собранието каде Крмов кршеше монитори, а Апасиев удираше со листови по Мисовски шоуто не запре таму.

Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и заведени а и тие се фрлени од сатрапот Таљат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман, рече Апасиев.