Шахистката Амина Абакарова се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на турнир во Дагестан.
Русинката истурила жива од термометарот на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а недолго откако Османова седнала на маса, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот колабирала.
На местото на настанот ѝ била укажана помош, па завршила во болница, а руските медиуми пишуваат дека за среќа нејзиниот живот не е во опасност.
„Сите информации ги црпиме од еден извор. За жал, факт е дека ова навистина се случи. Супстанцата? Беше жива. Најпрво ѝ посакувам на повредената многу здравје и брзо закрепнување. Сигурен сум дека сѐ ќе биди добро и дека наскоро ќе му се врати на шахот. За среќа, со Османова сѐ е во ред. Докторите ги презедоа сите потребни мерки и шахистката е пуштена дома. Нејзиното здравје во моментов не е во опасност“ – рече Александр Ткачев, извршен директор на Руската шаховска федерација.
Главниот мотив за нападот е наводно лично непријателство кое трае веќе подолго време, а Абакарова ја обвини Османова дека се однесувала навредливо кон неа и кон нејзиното семејство.
Организаторите на турнирот го пријавиле инцидентот во полиција, која ја прегледала снимката од надзорната камера и открила дека зад сѐ стои Абакарова.
Абакарова доби доживотна забрана за учество на шаховски турнири, и се заканува губење на работата и затворска казна до 3 години.
Russia: Chess player Amina Abakarova poisoned her rival Umayganat Osmanova with mercury at a chess tournament in occupied Dagestan.
Putin immediately fell in love with Abakarova. pic.twitter.com/MFDbutkDjy
— Igor Sushko (@igorsushko) August 8, 2024