(Видео) Чупеска категорична: Секој нареден предлог би можел да биде полош од францускиот

Секој нареден предлог би можел да биде далеку полош од францускиот, смета универзитетската професорка Ана Чупеска во гостувањето на вечерашното издание на „Трилинг“.

Додека кај нас се зборува за уставни измени во Софија тече процедурата за 24 мај да биде „Ден на бугарското слово“. Вака новинарката Адријана Митевска Момироска го отвори разговорот со Чупеска во вечерашното издание на „Трилинг“, а за ова професорката вели ваквите работи да не не‘ засегаат. Таа вели дека Бугарија е во неповолна положба, а тоа не треба да не‘ испровоцира.

За уставните измени Чупеска потенцира дека треба да ја следиме нашата стратешка цел за да не влеземе во втор бран на изолација.

Скоро сите високи функционери дојдоа и ни дадоа поддршка, индициите се дека може да влеземе во втор бран на изолација. Таа изолација може да доведе во внатрешна имплозија која може да ги засили и меѓуетиничките линии имајќи го предвид можноста Албанија да тргне напред, а ние да останеме во место. Шансата која сега ја имаме во далечна иднина не би ја имале, би можеле да имаме само полоша шанса, а не подобра, вели Чупеска.

Професорката вели дека како член на работната група вели дека со ништо не е загрозен македонскиот идентитет.

Граѓаните нема од што да се плашат. Едноставно се признаваат правата на заедниците кои живеат тука. Да се случи може само добро, а тоа е влез на земјава во ЕУ и забрзана интеграција со новата методологија, тоа е еден исклучок во наша корист, заклучува Чупеска.

На крајот професорката вели дека верува ВМРО-ДПМНЕ дека ќе прифати да се спроведат уставните измени бидејќи доколку не се реализираат уставните измени ќе влеземе во црни сценарија.

Погледнете го интервјуто во продолжение: