Активистот Никола Ристиќ, еден од организаторите на протестот поради трагедијата во Нови Сад, кој беше најавен пред старата железничка станица во Белград, е приведен во полиција.
Како што беше објавено на страницата на неформалната Инстаграм група „Свиќе“, Ристиќ насилно бил однесен од платото пред железничката станица на „Савски трг“ од двајца полицајци во цивилна облека, јавува „Фокус“.
View this post on Instagram
„Имам право на адвокат, кажи ми каде одиме“, се слуша како Ристиќ им кажува на полицијата, а од снимката може да се заклучи дека тие прво одбиле да му кажат во која станица го носат и зошто.
Инаку, Ристиќ е еден од организаторите на протестот што беше најавен за денеска во 11:30 часот на платото пред старата железничка станица во Белград поради трагедијата во Нови Сад во која поради падот на настрешница загинаа 14 лица..
Тие во објава на социјалните мрежи истакнаа дека точно во 11:55 часот ќе бидат објавени сите информации за планираните активности, како и барањата кои треба да се исполнат.
„Потоа ќе тргнеме во акција, за што е потребно да се донесе црвена боја. Бојата може да биде во кеси, лименки, балони, кофи, компресори за боја или нешто слично. Ќе користиме боја“, се вели во соопштението.