(ВИДЕО) Цаневска Арсовска: 90% лаги на Орце Ѓорѓиевски за 80 % неисполнети ветувања

➡ Секогаш кога Орце ги лаже граѓаните, тоа го прави со помпастични бројки и проценти. По лагата за чистење на Скопје за 72 часа, денес ја разобличуваме и новата лага за „90% реализација“ на неговата програма како градоначалник на Кисела Вода, се наведува во соопштението на СДСМ од прес - конференцијата на Катерина Цаневска Арсовска – кандидатка за советничка во Скопје.

Секогаш кога Орце ги лаже граѓаните, тоа го прави со бомбастични бројки и проценти. По лагата за чистење на Скопје за 72 часа, денес ја разобличуваме и новата лага за „90% реализација“ на неговата програма како градоначалник на Кисела Вода, се наведува во соопштението на СДСМ од прес – конференцијата на Катерина Цаневска Арсовска – кандидатка за советничка во Скопје.

Вистината е сурова, очигледна и непобитна, Ѓорѓиевски не исполни ниту 20% од тоа што го вети. Над 80% од ветувањата во неговата програма останаа само на хартија.

Парковите во Црниче и Драчево и покрај речново корито што ги ветуваше не постојат.

Катните гаражи никаде ги нема, технолошките зони се само празни зборови, гасификацијата не е реализирана, велосипедските патеки и спортските објекти не се ни започнати. Единствено што се гледа се „крпеници“ и селективно осветлување за ПР и сликање.

Технолошките зони во Чупријан и Драчево не постојат ниту како идејно решение – нема ниту цртеж, ниту дефинирана локација, ниту конкретен проект. Гасификацијата на училиштата и градинките остана само како ПР најава, без никаква реална реализација на терен.

Од најавените 20 километри велосипедски патеки не е изградена ниту една, додека новите плоштади, базени, спортски сали, трим патеки, стационар за кучиња и ветената населба за млади не се ни почнати, ни испланирани – се остана празна пропаганда.

Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери, додека граѓаните живеат со депонии, мрак и дупки. Ѓорѓиевски ја претвори Кисела Вода во симбол на урбана запуштеност и корупција.

Сега истиот човек сака да управува со Скопје? Тоа не е визија, тоа е навреда за секој скопјанец.

Скопје заслужува вистински план и реални проекти, а не празни ветувања и ПР кампањи. Време е за крај на лагите на Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје заслужува повеќе. Не празни ветувања, туку вистински план. Не ПР кампањи, туку реални проекти. Не партиски грабеж, туку отчетност, транспарентност и посветеност кон луѓето. Време е за крај на лажната ера на Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Време е Скопје и Кисела Вода конечно да добијат локална власт што навистина работи за граѓаните.