(Видео) Христовска Костовска: По трансплантацијата на срце живеам беспрекорно

„Тоа е паника, бидејќи два пати ми понудија срце. Првиот пат го одбив, бидејќи донорот беше многу ситен по градба, срцето беше многу ситно и направив правилна одлука дека тоа нема да може да се трансплантира. Нормално дека се консултирав со доктори. За неполн месец повторно ми се јавија. Мислев дека тогаш сум многу поспремна, но тоа воопшто не е така, бидејќи всушност одите на клиника и не знаете дали ќе се разбудите. Тој момент е многу тежок, вели Емилија Христовска Костовска.

„Прв пат сфатив дека треба да ми се направи трансплантација на срце пред повеќе од шест години, кога почнав да се заморувам многу брзо и дојде момент кога дури и не можев од дневна да отдам то тоалет. Константно правев контроли. Едниствениот начин тука да се поправи тоа беше да се стави трокоморен пејсмејкер. Тоа пробаа да го направат венски, но не можеше да се направи бидејќи е затворен отворот помеѓу предкоморите и се одлучив тоа да се направи во Бугарија“, вели Емилија Христовска Костовска, на која во мај 2021 година и беше трансплантирано срце.

Христовска Костовска вели дека сето тоа траело многу долго и опоравувањето било многу тешко.

„Имав вишок кислород, вода во белите дробови и се тоа мораше да се исфрли, да се корегира. Го ставија трокоморниот пејсмејкер и дефибрилаторот, меѓутоа немаше некој очекуван резултат“, вели Христовска Костовска.

Говорејќи за првичната реакција кога го добила повикот дека е најден донор, Христовска Костовска вели дека тоа чувство не може да се опише.

Фото: Трилинг / Емилија Христовска Костовска

„Тоа е паника, бидејќи два пати ми понудија срце. Првиот пат го одбив, бидејќи донорот беше многу ситен по градба, срцето беше многу ситно и направив правилна одлука дека тоа нема да може да се трансплантира. Нормално дека се консултирав со доктори. За неполн месец повторно ми се јавија. Мислев дека тогаш сум многу поспремна, но тоа воопшто не е така, бидејќи всушност одите на клиника и не знаете дали ќе се разбудите. Тој момент е многу тежок, вели Емилија Христовска Костовска.

Болниците за Христовска Костовска биле секојдневие. Покрај потребата од трансплантација на срце била подложна и на други оперативни зафати, како отстранување на жолчка, јајник.

„Пред трансплантацијата на срцето, во една операција се извадија жолчката и десниот јајник, што беше додатен шок за мене. После трансплантацијата имав уште една интервенција – се извадија сите женски органи како матката и другиот јајник, бидејќи тумор маркерите почнаа да варираат. Тоа ми беше уште еден шок, но се обидов да го поминам полесно. Сепак најголемото опоравување ми беше после трансплантацијата. Ми требаше долго време да почнам да одам, бидејќи јас не одев, мускулите ми беа сосема атрофирани. Имав нешто над 40кг кога излегов од болница и ми требаше еден долг период да научам да јадам, бидејќи јас не конзумирав храна. Моментот кога застанав на нозе, сама да одам, беше после некои шест месеци. Значи првата година ми беше опоравувањето.

– После првата година почнав да одам во теретана. Тоа го направив зошто беше зима и зошто и пумпата мора д аработи, односно потребно е да се движите, а знаеме како е надвор загадено. Значи возев точак, одев на трака. Потоа, бидејќи не смеев ништо да кревам, одев на пилатес и сега можам да кажам дека функционирам со полна пареа. Вежбам зумба, хиперактивна сум, шетам, се дружам“, вели Христовска Костовска.

Говорејќи за контактите на семејството на донорот, Христовска Костовска вели дека тие моменти се многу тешки.

„Свекрвата на донорот е мажена во Козле и ме знае од градинка, бидејќи и јас сум од Козле. Тоа е тежок момент бидејќи тие се одлучиле да го донираат најмилото нешто од оној што го изгубиле. Спојот е многу тежок. Се договоривме да се видиме, но за жал, бидејќи госпоѓата остави мало детенце, одлучивме да не се видиме, бидејќи јас морам многу да се пазам заради целата терапија. Не сум им се јавила и секој ден имам понекаков отпор, веројатно сама со себе ќе го решам за да успеам да се видам со нив“, вели Христовска Костовска.

Целиот разговор со Емилија Христовска Костовска погледнете го во видеото.