Ламин Јамал влезе во историјата на ЕП. Со 16 години и 362 дена тој стана најмладиот стрелец на погодок на континентален собир и тоа во меч од полуфиналето против Франција.
Со овој гол, Јамал го надмина и рекордот на легендарниот Пеле, кој во далечната 1958 година со 17 години играше полуфинале на големо натпреварување, а тоа беше Светското првенство.
„Многу ви благодарам. Многу сум среќен што стигнавме до финалето. Најважно е дека победивме, иако секогаш е многу тешко кога толку рано ќе примите гол. За голот што го дадов? Центрирав да погодам токму таму каде што заврши топката. Сакам да помагам на екипата. Сакам да победувам, да победувам, да победувам и тука во Германија да го прославам роденденот, заедно со соиграчите“, вели Јамал чиј погодок сигурно ќе конкурира за еден од најдобрите на турнирот.