(Видео) Хајредини: Славески е поставен за гувернер за власта да има влијание и врз монетарната политика

🔴 - Мицкоски тука, кога ги спомнува Стрежево Чебрен и Галишта... треба да имаме предвид и еден друг момент. Цела оваа работа се пласира, презентира секојдневно од првите вести, особено од провладините. Станаа досадни, секој ден ги редат овие објекти, а тоа се прави да се замагли од јавноста вниманието од другите обврски на Владата што не ги остварува - барањето на Европската Унија да се санираат последиците од измените на Кривичниот законик. Барање е на ЕУ тоа, а владата не сака да слушне воопшто. Заменик министерот за евроинтеграции рече дека ЕУ бара санирање. Тоа санирање значи затворање на многу луѓе. Тоа се десетици луѓе кои се опфатени во тие измени на тој закон. Сетоа ова се става под тепих. 🔴 -Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та која и сега е на власт, во тоа време Мицкоски беше директор на електростопанство. „Преродба во 100 чекори“ - сите овие објекти кои сега ги спомнува беа наведени дека до 2015, 2016-та ќе бидат изградени. Гасификацијата на ТЕ Неготино итн. Не само што не изгради ни еден, туку ни камен темелник не се постави, а тој список на електроенергетски објекти логично е дека го правел директорот на електростопанство, сегашниот премиер Мицкоски. 🔴 За последните случувања во албанскиот политички блок, враќањето на Таравари во прегратките на Ахмети и дали интегративците преку него формираат нов лидер кој би требало да застане на чело на албанскиот опозиционен фронт, Хајредини вели дека не сака да помисли дека Таравари е заложник за некои други цели. Правата причина за заминувањето на Таравари од Владата за мене и за јавноста е непозната. -ВЛЕН сега се ,и тоа му одговара на Мицкоски, под огромен притисок од ДУИ ко сакаат да ја претстават нивната улога во владата како да Албанците се потценети, што не е точно. -Но на ВМРО-ДПМНЕ му одговара и послаб албански фактот. Што послаб тоа подобро. И сега е тоа во практика - ако вие барате многу ќе дојдат други, вели Хајредини.

Мислам дека од овој овој Договор, од овој заем од Велика Британија сите сме изненадени. Тој веројатно подолго време е подготвуван, но тоа не е одлука, ниту е заслуга на оваа Влада и на овој премиер. Очигледно се работи за други, поважна интереси за Европа, за Велика Британија, што во секој случај за Македонија тоа е корисно. Некаде читав дека предолго трае овој процес на преговори на Македонија со ЕУ. Како да е блокирана состојбата и не беше лошо кога Велика Британија излезе од Европската Унија независно од тоа што тие се компатибилни и не се спротивставени страни. Разликата е во тоа, кога станува збор за Македонија, е дека ЕУ е блокиран сојуз, затоа што такви се пропозициите – една членка да ги блокира одлуките на сите други. Така што некои цели, како на пример интеграцијата на Западен Балкан (Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора) очигледно е интерес на ЕУ да ги почнат, да влезат во Унијата. Но за Македонија се појави еден сериозен проблем каде Бугарија го користи правото на вето и ќе го користи. Сега, бидејќи се заинтересирани, добро е што се појави варијанта да Велика Британија што целите што сака да ги постигне овде а не се против нашите интереси, напротив се во наша полза, не е блокирана. Слободно си носи одлука, и мислам дека тоа е во прашање, изјави во „Трилинг“ поранешниот заменик за финансии Џевдет Хајредини за последните случувања околу потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Фото: Трилинг / Џевдет Хајредини

Хајредини смета дека во случајов не треба да се прави симетрија помеѓу договорот со „Бехтел и Енка“ и уште покарактеристично, со кинеската компанија за изградба „Синохидро“.

„Ова е договор со голема сила која не може да има таков вид на коруптивни клаузули. Има нешто што не е за објавување, но не може ние да се сомневаме дека Велика Британија како „Бехтел и Енка“, како „Синохиидро“, како приватни компании да внесат во Договорот клаузули со кои на македонските функционери би им давале мито. Конспиративни може да има но тие врзани се со политики, не со корупција, мито. „Бехтел и Енка“ беше очигледен и уште е. Но тука има вина и новата на Влада на Мицкоски. Вети и воопшто не направи ништо, па дури и американската амбасадорка рече дека ако се има сомнежи, а има, органите да истражат. Дојдоа овие, не истражуваат затоа што сите се вмешани, директно или индиректно со „Бехтел и Енка“ како што беа со „Синохидро“. Друга работа е кога ќе дојде време да се ангажираат изведувачи. Ова долго ќе трае и не е лесно. Мицкоски тука, кога ги спомнува Стрежево Чебрен и Галишта… треба да имаме предвид и еден друг момент. Цела оваа работа се пласира, презентира секојдневно од првите вести, особено од провладините. Станаа досадни, секој ден ги редат овие објекти, а тоа се прави да се замагли од јавноста вниманието од другите обврски на Владата што не ги остварува – барањето на Европската Унија да се санираат последиците од измените на Кривичниот законик. Барање е на ЕУ тоа, а владата не сака да слушне воопшто. Заменик министерот за евроинтеграции рече дека ЕУ бара санирање. Тоа санирање значи затворање на многу луѓе. Тоа се десетици луѓе кои се опфатени во тие измени на тој закон. Сетоа ова се става под тепих.

-Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та која и сега е на власт, во тоа време Мицкоски беше директор на електростопанство. „Преродба во 100 чекори“ – сите овие објекти кои сега ги спомнува беа наведени дека до 2015, 2016-та ќе бидат изградени. Гасификацијата на ТЕ Неготино итн. Не само што не изгради ни еден, туку ни камен темелник не се постави, а тој список на електроенергетски објекти логично е дека го правел директорот на електростопанство, сегашниот премиер Мицкоски“, вели Хајредини.

Говорејќи дали може да го издржиме ова темпо на перманентно задолжување, Хајредини вели дека 34 години Македонија остварува просечна стапка на економски раст од 2,2 насто.

„Можеме ние да издржиме само парите треба да се користат така што ќе се оствари добивка од која ќе се вратат кредитите и ќе остане за раст на стопанството. Мислена именка дека тоа така лесно се остварува, затоа што овие инвестиции коишто се најавени се инфраструктурни објекти кои не продуцираат веднаш добивка. Ќе ги користиме ние, друго поколение ќе ги врати и тука е незадоволството кај народот“, додава Хајредини.

Фото: Трилинг / Џевдет Хајредини

За неговиот став и колку Славески е соодветно решение за гувернерското место, екс министерот за финансии вели дека уште кандидатите кога биле најавувани многу јасно било што е главната цел на актуелната Влада и актуелниот премиер.

„Главна цел е по секоја да се обезбеди контрола и на монетарната политика, како што е на тајните информации, како што е на јавните финансии. Ова е веќе карикатура во врска со тоа која е целта. За разлика од Ставревски за кои јас сум имал други забелешки, немаше никаква причина да не се овозможи по втор пат да биде постојната гувернерка и таа никогаш не даде повод дека е под влијание на било кој премиер. Ставревски не требаше да претендира на такво место знаејќи овој народ што он говореше во објавените тајни снимки. Министер за финансии и гувернер на Народна банка се фини функции и на лицата на кои им се дава таа можност да ја вршат функцијата можат фино да ја вршат. Но министер за финансии да наредува во парламентот обезбедувањето да ги влече по под пратениците на позицијата тој не смее никаде повеќе да биде на функција. А тоа сме го виделе и на телевизија.

-Било гувернер, било министер за финансии на Македонија потребното стручно знаење на една мала земја е поголемо од што е потребно таму. Јас му посакувам успех да има, но тој дека е поставен таму затоа што е партиски човек нема дилеми и затоа е и член на ИК на партијата. Но, на еден универзитетски професор што се бави со наука и финансии не му личи да оди да се расправа четири години со градоначалничката на Скопје, вели Хајредини.

Говорејќи за неказнивоста, трагедијата во Кочани, Хајредини вели дека се гледа дека кај нас корупцијата е метастазирана во сите пори на општеството.

„Тоа не е само моја констатација, тоа е констатација и на ЕУ и на САД“, вели Хајредини.

За последните случувања во албанскиот политички блок, враќањето на Таравари во прегратките на Ахмети и дали интегративците преку него формираат нов лидер кој би требало да застане на чело на албанскиот опозиционен фронт, Хајредини вели дека не сака да помисли дека Таравари е заложник за некои други цели. Правата причина за заминувањето на Таравари од Владата за мене и за јавноста е непозната.

-ВЛЕН сега се ,и тоа му одговара на Мицкоски, под огромен притисок од ДУИ ко сакаат да ја претстават нивната улога во владата како да Албанците се потценети, што не е точно.

-Но на ВМРО-ДПМНЕ му одговара и послаб албански фактот. Што послаб тоа подобро. И сега е тоа во практика – ако вие барате многу ќе дојдат други, вели Хајредини.

За однесувањето на Артан Груби, каде е, дали е вистина дека чува „необјавени бомби“ за излез од ситуацијата погледнете го разговорот во целост.