Калифорниските власти затворија повеќе од 100 милји меѓудржавен пат за сообраќај бидејќи најлошата снежна бура во сезоната го погоди планинскиот венец Сиера Невада.
Населението е повикано да се држи подалеку од патиштата, бидејќи во некои области се очекуваат и до три метри снег, како и силен ветер, пренесува АП.
Повеќето од десетина скијачки центри околу езерото Тахо беа затворени, а на посетителите на националниот парк Јосемит им беше кажано да си заминат откако торнадо ја погоди централна Калифорнија.
Полицијата и другите агенции реагираа на десетици несреќи на Меѓудржавен 80, бидејќи автомобилите влегоа во снежни наноси или заглавија на лизгавите патишта.
Предупредувањето за снежна бура е во сила до недела наутро.
Налетите на ветровите се очекува да надминат 185 km/h на врвовите на Сиера Невада.
UPDATE: Hundreds of cars stranded on I-80 near the Donner Summit…blizzard winds and heaviest snow of the storm starting. It’s a race to see if they can clear the interstate before cars get too buried. @bclemms #california #snow #blizzard #donnerpass #CAwx pic.twitter.com/6vOJkDmfDA
— Jonathan Petramala (@jpetramala) March 2, 2024