Една година откако беше изгласан францускиот предлог во македонското собрание и една година откако за многумина „Францускиот предлог го отвори патот на Македонија кон Европска Унија“ имаме можност во новото издание на „Трилинг“ да разговараме со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во нашата држава.
На прашање кои се можните ризици ако не се изгласа францускиот предлог, амбасадорот вели дека Северна Македонија ризикува да се соочи со блокада.
За да одговорам на вашето прашање, ќе се повикаме на текстот на решението кое беше изгласана минатата година, и доколку до крајот на годината не се пристапи кон уставни измени, С.Македонија не ќе може да пристапи кон следната фаза за членство во ЕУ. Тоа значи дека во тој момент ризикуваме да се соочиме со блокада, и треба да се има на ум дека се наоѓаме во момент на забрзана политика на проширување, и освен С.Македонија има други заинтересирани земји-кандидатки, и тоа е причината поради која имате толку голем број министри и претставници на властите, кои што патуваат, особено доаѓаат во посета овде минатата и оваа година, за да ја упатат истата порака, вели амбасадорот Бомгартнер.
Тој вели дека европскиот моментум не треба да се пропушти и вели дека причината за посетата на многуте европски политичари во Скопје претходните месеци е само дополнителна гаранција дека нема да има нови барања кон членството во ЕУ.
Постои европски моментум, и тој не треба да се пропушти. И овде ќе ви кажам дека голем број на европски политички одговорни лица ги посетија Скопје во последниве месеци, за да потсетат и да истакнат дека решението коешто беше преговарано и усвоено и денес го поддржуваат сите европејци и сите европски институции, и сите држави-членки на ЕУ, и е најдоброто можно решение и нема замена за него. И тука не станува збор да се промени формулацијата за којшто е постигнат европски консензус, туку е тоа начин и дека воопшто не постои простор за наметнување на нови услови. И забележувам дека бугарското министерство за надворешни работи објави нота во која прецизно наведува дека и за него не станува збор за поставување нови услови, потенцира францускиот амбасадор.
Богмаер ја пофали оценска мисија, според него станува збор за квалификувани експерти коишто доаѓаат
од различни земји на ЕУ.
Новинарот Чомовски со францускиот амбасадор зборуваше и за стравувањата за дали се заштитени македонските национални интереси, а тој категорично вели дека нема нови условувања.
Воопшто не се основани тие стравувања. Јас нив ги слушам, но уште еднаш ќе кажам дека доколку рационално гледаме на состојбите, ќе покажеме дека нема никаква причина тие стравувања да постојат. Што се однесува до јазикот, формулата која што се преговараше е многу јасна, таа предвидува признавање на македонскиот јазик без никаков услов, без никаква забелешка, и никакви други условувања. За време на нејзината посета француската министерка за Европа, г-ѓата Бун, која допатува со колегите од Вајмарската група, потсети дека при приклучувањето, македонскиот јазик ќе биде еден о официјалните јазици на ЕУ., вели Сирил Бомгартнер и додава дека идентитетот и историјата ќе останат непроменети.
За крај амбасадорот вели дека Македонија треба да се приклучи на возот. Тој прави паралела и вели нашата држава да не чека на перонот и дека не треба да биде блокиран патот кон ЕУ.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение.