(ВИДЕО) Филипче од Куманово: Со СДСМ и Костовски пазарот ќе се реконструира, нема да се продава

➡ Земјоделците и продавачите укажаа на недостигот од поддршка од државата, укинувањето на субвенциите и авансните плаќања, што директно влијае на производството и на цените на производите. Граѓаните, пак, се жалат дека сè потешко можат да ги купат основните прехранбени производи, резултат на лошите економски политики на актуелната влада, рече Филипче.

По разговорите со продавачите и посетителите на пазарот, лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека постои сериозна загриженост кај граѓаните за економската состојба и лошите економски политики на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците и продавачите укажаа на недостигот од поддршка од државата, укинувањето на субвенциите и авансните плаќања, што директно влијае на производството и на цените на производите. Граѓаните, пак, се жалат дека сè потешко можат да ги купат основните прехранбени производи, резултат на лошите економски политики на актуелната влада”, рече д-р Филипче во изјавата за медиумите.

Лидерот на СДСМ, д-р Филипче, исто така укажа на стравувањето на жителите на Куманово дека актуелниот градоначалник планира да го продаде зелениот пазар, уверувајќи дека со СДСМ во Куманово тоа нема да се дозволи.

„За овој пазар конкретно, дел од луѓето што тука работат изразија стравување дека актуелниот градоначалник планира да го продаде. Сакам да кажам дека во нашата програма јасно стои – пазарот нема да се продава. Наместо тоа, имаме детален план за негово целосно реконструирање со современи услови, вклучително и подземен паркинг за подобри услови за работа и за посетителите”, истакна д-р Филипче.

Тој додаде дека проектите на Мартин Костовски се дел од поширока визија за Куманово како модерен европски град, со содржини за сите – културни активности, можности за младите претприемачи и современа инфраструктура за сите генерации.

„Мартин има навистина многубројни проекти со кои Куманово ќе стане функционален, современ и пријателски град за граѓаните”, рече лидерот на СДСМ, д-р Филипче.