(Видео) Филипче: Заедно да работиме за државата и општество да ги направиме подобро место за живеење

„Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче, генералниот секретар Александар Димитријевиќ и потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, денеска присуствуваа на свечената утринска литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божик, со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

Во име на СДСМ и во свое лично име, претседателот на СДСМ упати честитка за Божиќ до сите православни верници кои го празнуваат Христовото раѓање – Божик како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан.

„Со традиционалната честитка, Мир Божји, Христос се роди! Ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото раѓање на сите граѓанки и граѓани кои денеска празникот го слават.

Посакувам мир во овие празнични денови, на начин како што налага традицијата во кругот на семејството, пријателите и блиските.

Живееме во свет коишто многу динамично и драстично се менува, во многу места во светот имаме војни и во таа смисла, посакувам оваа година пред се да е мирна и безбедна. Ние тука кај нас, во нашето мултикултурно и мултинационално општество, различни какви што сме, различностите да ги сфатиме како предност, како една придобивка на демократијата. Во таа смисла сите заедно да работиме за да државата и општество ги направиме подобро, помирно, поправедно и побогато место за живеење“, рече Филипче.

Извор: Фокус