
(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда
➡ Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледаа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата на филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.
„Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче.
Во изјавата тој додаде дека од вкупно 12 закони кои што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни 2025 година и уште пет до крај на годинава – ниту еден, не само што не е донесен, не е ниту поднесен од страна на министерството за правда во Собранието.
Очигледно е како што кажа Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството.
„Не може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните.
Сакам да им порачам дека се прочитани како буквар. Еднаш граѓаните тој филм го гледаа со партизирано судство кога го користеа да се закануваат да користат политички, да го користат како инструмент за политички прогон. Репризата на филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту пак поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.