(Видео) Фидбекот од Берлин и Лас Вегас е јасен – „Биби“ е подготвена за светот

🔴 Македонската детска анимација бележи големи успеси, а „Светот на Биби“ стана еден од најпрепознатливите и најомилени брендови меѓу децата и семејствата во земјата и регионот. Режисерот Гоце Цветановски со оптимизам гледа кон иднината, со планови за долгометражен анимиран филм и соработка со странски партнери. Сепак, и покрај креативниот подем и големите достигнувања на македонските автори, домашната филмска продукција се соочува со институционални и финансиски предизвици кои го отежнуваат развојот и одржливоста на оваа индустрија.

Македонската детска анимација бележи големи успеси, а „Светот на Биби“ стана еден од најпрепознатливите и најомилени брендови меѓу децата и семејствата во земјата и регионот. Режисерот Гоце Цветановски со оптимизам гледа кон иднината, со планови за долгометражен анимиран филм и соработка со странски партнери. Сепак, и покрај креативниот подем и големите достигнувања на македонските автори, домашната филмска продукција се соочува со институционални и финансиски предизвици кои го отежнуваат развојот и одржливоста на оваа индустрија.

„’Светот на Биби’ за многу кратко време израсна во еден од најпрепознатливите македонски брендови. Нема дете во Македонија кое што не гледало барем една епизода. И со родителите кога разговараме кажуваат дека сите песнички ги научиле заедно децата, со нив научиле и да читаат со нив, така што мислам дека имаме една голема задача пред нас, а тоа е она што го имаме поставено како основи во серијата, да го продолжиме во долгометражен анимиран филм, со посериозен и со технички потежок пристап. Целната група на филмот ќе биде за малку повозрасни деца отколку самата серија, односно нашата целна група е целото семејство и тоа е голем предизвик. Мене со ‘Јон Вардар’ против галаксијата ми требаше многу време да го завршам.

-Во Македонија немаме многу развиена анимациска индустрија, посебно за анимација на карактери. Последниве десет тоа мрда многу брзо и многу добро, така што имаме многу успешни и авторски анимирани филмови, но и успешни детски анимирани филмови кои се наменети за целата публика. Пред нас стои еден голем пат којшто се надевам дека успешно ќе го изодиме и за неколку години на македонската па и на светската публика ќе и понудиме да можат да ги видат ‘Биди и Боби’ во нивната најнова авантура“, вели режисерот Гоце Цветановски.

„Наша проценка, додава Цветановски, е да го завршиме филмот за отприлика три години во зависност од тоа дали ќе добиеме поддршка од институциите. Веќе имаме обезбедено неколку странски партнери, односно сме во крајна фаза на преговори. Јас го презентирав проектот во Берлин на европскиот пазар на филмови и во Лас Вегас лани во ноември на американскиот пазар и пријатно без изненаден колку имаше голем интерес, додава Цветановски.

Говорејќи за податокот дека најпопуларниот детски бренд „Светот на Биби“ е со повеќе од 125 милиони прегледи на јутјуб и ТВ прикажувања во Македонија и регионот и дали ова е потврда дека е постигната целта за создавање оригинална едукативна и забавна програма Цветановски категоричен – „Дефинитивно да“.

За оценката домашната филмска продукција, вклучувајќи ја и детската, Цветановски смета дека филмската во моментов е во малку тешка ситуација на институционално ниво.

„Креативно можеби е најуспешен од било кога. Последниве 10 години видовме нови автори, големи успеси на македонски филмови по сите светски фестивали, така што тоа е за поздравување и за почит. Од друга страна од институционалната страна е малку потешко. Не би влегувал кои се причините, но самата држава, самиот систем моментално и кој е за финансирање на филмови не е направен за да може да ги поддржи сите автори кои творат на нашата територија и тоа е штета. Но мислам дека со труд и со работа секој ќе стигне до своето. Инаку од авторката гледна точка сум воодушевен, има квалитетна продукција и има позитивни води така што мислам дека веќе и се одделуваме, не сме толку зависни од државната поддршка иако таа е секогаш добредојдена.

Целото интервју погледнете го во видеото.