
(Видео) Фидановски: Иселувањето, не наталитетот, ја празни Македонија
🔴 Демографските предизвици кои ја засегаат Македонија стануваат сè поитни, а нивното решавање бара внимателен и стратешки пристап. Докторот на науки по демографија, Кристијан Фидановски, го анализира актуелниот демографски статус на земјата и ја нагласува потребата од пронаталитетска политика како клучен фактор за обезбедување одржлив развој и иднина. Во разговор за „Трилинг“, Фидановски ја објаснува комплексноста на демографските трендови и укажува на неопходноста од конкретни мерки кои ќе помогнат во решавањето на проблемите со намалената раѓања и зголемената старост на населението.
Демографските предизвици кои ја засегаат Македонија стануваат сè поитни, а нивното решавање бара внимателен и стратешки пристап. Докторот на науки по демографија, Кристијан Фидановски, го анализира актуелниот демографски статус на земјата и ја нагласува потребата од пронаталитетска политика како клучен фактор за обезбедување одржлив развој и иднина. Во разговор за „Трилинг“, Фидановски ја објаснува комплексноста на демографските трендови и укажува на неопходноста од конкретни мерки кои ќе помогнат во решавањето на проблемите со намалената раѓања и зголемената старост на населението.
„Македонија е една од државите на која им е најпотребна демографска па и пронаталитетска политика. Ние, како и целиот регион, се соочуваме со тој двоен демографски товар на низок наталитет и високо иселување. Интересно, нашиот природен прираст е всушност благо позитивен до 2019, а сепак и низ тие децении по осамостојувањето ние сме изгубиле населени и населението остарело, што кажува дека иселувањето е секако водечката причина а сега и прирастот по Ковид кризата е останат негативен што го зголемува демографскиот притисок.
-Истовремено Македонија старее пред да стане богата држава и тоа стареење се случува многу брзо за разлика од други западноевропски држави кои прво станале богати, достигнале висок стандард на живот а потоа им се случувале, им се случува овие демографски трендови, така што нам апсолутно ние потребна пронаталитетска стратегија.
-Јас како некој што пет години во рамките на мојот докторат работев на ова прашање мило ми е што во јавноста се зборува за овие теми. Секако жал ми е што тоа се случи на овој начин, да бидеме реални, со една непромислена идеја односно реченица која за среќа и не прерасна во најава за конкретна мерка, вели за „Трилинг“ Кристијан Фидановски доктор на науки по демографија.
Фидановски смета дека дополнителен момент што треба да ги обедини левицата и десницата е што целокупните општества и економии зависат од демографската стабилност.
„Постаро население значи поголем товар врз пензиските, здравствени системи па и економскиот раст. Имајќи го тоа предвид, сите ние (и родителите и неродителите) без разлика на брачниот статус, треба да придонесуваме финансиски кон стимулирање на родителството бидејќи тоа носи позитивни екстерналии за сите нас, а не преку даноци кои би казнувале едни, без притоа ни да знаеме дали воопшто тие средства би се користеле. Затоа е подобро преку директни детски додатоци, а не преку даночниот систем да се изведе една таква интервенција. Такви примери има многу во регионот. Јас полската би ја издвоил бидејќи ми е многу помила од унгарската, српската. Таа беше спомната од една десна партија која сега е во опозиција, но сегашната владејачка партија ја прифати па и унапреди, бидејќи се утврди дека таа политика манифестирана преку детски додатоци придонесе многу и за намалување на детската сиромаштија. Ефектите врз наталитетот се релативно скромни, но имаат деца побрзо од што планирале. Политиката е универзална, затоа е универзално популарна. Има политичка поддршка бидејќи не е само за најсиромашните. Идејата е дека секој треба од државата да добива одреден придонес за родителство и не зависи ни од бројот на деца. Така што мислам дека тоа е една мерка која што нашите политичари и секој кој е заинтересиран за овие теми би требало да ја има предвид“, смета Фидановски.
Целиот разговор погледнете го во видеото.