(Видео) Фетаи: Системот е заразен од чумата Корупција, но никој не е во затвор

- Мислам дека сега ќе почнеме да гледаме одговорност. Ќе почнеме да гледаме дека предметите ќе напредуваат во судскиот систем и дека оние кои биле одговорни за корупција на високо ниво ќе почнат да одговараат“, потенцира Фетаи.

Започна ли робусната битка против корумпираните обвинители и судии? Подигнати ли се меѓуетничките односи по палењето на македонското знаме во центарот на Скопје?

Гостин во магазинот „Трилинг“ беше вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

-Живеам во Белгија од 1989, но со прекини. Се вратив да работам на Косово во 2004, па се до 2009 г. Поминав неколку години во Приштина, политички се ангажирав со „Ветвендосје“, движењето на Албин Курти, по што отидов назад во Белгија, каде што продолжив да живеам и работам. И исто така активно се вклучив во Алијансата за Албанците од почетокот на оваа година постоењето на партијата, значи во 2016-17 година, кога станува збор за мојата активност. И, секако, многу се зближив со Арбен Таравари. Очигледно, главната причина зошто решив да се вратам беше овој позитивен моментум што го имаме, изјави министерот на прашањето кој беше мотивот да дојде овде и да стане вицепремиер за добро владеење и дали е тоа блискоста со Таравари или клучна улога имало блискоста со Албин Курти.

Околу тоа дали чувствува дека во скоро време ќе се спроведат уставните промени кои се клучен услов за деблокада на Македонија, Фетаи вели дека има многу јасно разбирање во коалицијата дека без уставните амандмани нема да можеме да ги отвориме пристапните преговори.

„Сега разговараме за модалитетите како да го направиме тоа и како во основа да го постигнеме или да го направиме овој последен чекор што ќе ни овозможи да ги отвориме пристапните преговори. Како што кажав, мислам дека има разбирање во коалицијата дека имаме можност да ги отвориме и затвориме преговорите за нашето членство во Европската унија во рамките на еден владин мандат, што е огромна можност која треба да ја искористиме. Мислам дека во следните недели и месеци ќе видиме, во зависност од тоа како ќе се одвива ангажманот со Брисел, со Софија, за предлозите што ги стави на маса премиерот и од страна на владата, ќе видиме напредок и ќе видиме отклучување на патот кон ЕУ.

-Главната идеја што е на маса е суспензивното стапување во сила на уставните амандмани по ратификацијата на Договорот за пристапување. Тоа е она што е на маса, тоа е она што се разговара со меѓународните партнери.

-Премиерот престојува во Брисел, каде ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, со новиот комесар за меѓународна соработка.

-Мислам дека водиме дијалог. И мислам дека ќе успееме да најдеме иновативно решение за да можеме да го постигнеме овој последен чекор, во основа го правиме последниот чекор и може да уследи формалното отворање на пристапните преговори.

Фото: Трилинг / Арбен Фетаи

Околу тоа дека во македонската јавност тензиите во мултиетничките влади имаат иста реторика, во случајот СДСМ вели дека е жртва на политичко-партиската мајоризација на ДУИ во владата, од друга страна ДУИ вели дека ВЛЕН се слуги на Мицкоски и зошто внатрепартиски превирања во албанскиот политички блок подгреваат мулти етнички тензии, Фетаи смета дека Мислам ДУИ има проблеми во основа да разбере дека тие се во опозиција и дека треба да ја искористат оваа можност за да се реформираат.

„Тие се обидуваа да ја задржат моќта. Тие правеа отстапки и во текот на целиот преговарачки процес за формирање на новата влада. Знаеме, и сега е потврдено од повеќе извори кои биле вклучени во тие преговори, дека понудиле да се приклучат на владата со ВМРО-ДПМНЕ со еден министер помалку отколку што имаме ние како Коалиција Влен, без претседателот на Собранието. ДУИ по секоја цена се обидува да се одржи на власт, да се задржи во системот така што во основа тие ја избегнуваат, или да речеме, се обидуваат да ја избегнат одговорноста што треба да ја преземат за лошо менаџирање, за корупција, за криминал во последните 22 години кога беа на власт. Мислам дека гледаме секој ден или слушаме, читаме вести за конкретни случаи каде функционери на ДУИ се меѓу лицата кои се осомничени за вмешаност во корупциски скандали, во лошо управување, во злоупотреба на државни средства.

Говорејќи за инцидентите на Денот на албанското знаме вели дека било многу јасно дека луѓето кои беа вклучени во палењето знамиња биле за жал луѓе кои припаѓаат на структурите на ДУИ.

„Тоа го покажавме со слики. Луѓето кои се обвинети за палење на знамето се луѓе кои биле вклучени во изборната процес кампања на Бујар Османи, во парламентарната кампања. Тие се на сликите. Мислам, ги покажавме сликите на едено од младите момчиња кој беше изманипулирани веројатно и наместо да се прославува денот на албанското знаме, се заврши со палење македонски знамиња.

Околу изјавата на министерката Јаневска дека УЧК и нејзините симболи во оваа држава не значат ништо и дали ова е директна негација за слободарскиот дух и мотивите за поголема рамноправност на Албанците во Македонија, Фета смета дека се работи за несреќно срочена изјава.

„Јас ја постирав мојата изјава, откако министерката за образование го даде интервјуто каде во суштина реков дека призорите кои ги видовме во Аеродром децата облечени како комити и во општина Бервеница каде албански деца беа облечени како војници на ОВК со оружје, се несреќни. Децата треба да одат на училиште за да учат, а децата треба да играат. Тие не треба да бидат облечени како војници, а не пак со оружје в раце. Меѓутоа, она што го кажав и во мојот пост е дека ОНА е наша гордост.

-Ние почитуваме, од друга страна, дека комитите се дел од македонската национална историја и дека нашите сограѓани се горди на комитската историја. Но, едното не треба да оди против другото. Сите имаме ние сме мултиетничко општество.

Говорејќи околу двојните државјанства како неговото, но и на некои актуелни и поранешни министри, Фетаи вели дека нема ништо срамно во тоа да имаш националност на земја членка на Европската унија или на НАТО, во таа смисла.

„Мислам дека кај нас, за жал, работите се политизирани, а особено во однос на Бугарија поради ситуацијата во која се наоѓаме сега кога се во прашање односите меѓу Софија и нас. Мислам дека е навистина жално што сè уште мораме да водиме такви разговори за тоа што имаме пасош од земја која е членка на истиот клуб како и ние, НАТО, ЕУ.

-И не гледам никакви проблеми со двојните националности. Да беше руско државјанство, тогаш ќе покренав прашања бидејќи тоа е земја што е не е пријателски настроен кон нас“, вели Фетаи.

Околу најавеното започнување на робусна акција против обвинители и судии Фета смета дека нема акција против корумпирани судии и обвинители.

„Мислам дека како влада имаме своја улога. Ние сме посебна власт, како што е и судската и законодавната. Мислам дека тоа што го правиме како влада е да започнеме, и тоа го кажуваме од почетокот на овој мандат, а тоа е дел од коалициониот договор, систематска и системска реформа на судството. Знаеме дека ова судство нема доверба од никого. Ја знаеме бројката од 2% доверба во судството. Видовме и од почетокот на оваа влада, веќе речиси шест месеци, дека десетици, стотици предмети што ги изнесе министерството за внатрешни работи, финансиската полиција, другите инстанци на извршната власт, не напредуваат. Тие се држат во системот на обвинителството и тоа треба да се промени.

-Ќе започнеме, како што знаете, со реформска агенда во владината програма, новиот закон за Судскиот совет и Советот на обвинители и верувам дека работите што беа иницираното природно ќе се погрижи корумпираните обвинители, корумпираните судии си заминат системот затоа што тие нема да можат да се вклопат, во основа, во тоа како новите системски закони ги организира тие соодветни тела.

– Мислам дека сега ќе почнеме да гледаме одговорност. Ќе почнеме да гледаме дека предметите ќе напредуваат во судскиот систем и дека оние кои биле одговорни за корупција на високо ниво ќе почнат да одговараат“, потенцира Фетаи.

Околу ниската доверба во судството и за тоа дали со закани и притисоци ќе се врати довербата во правосудниот систем, и примерот на Дамевска која директно ја прозва Владата и премиерот дека вршат притисок врз работењето на телото кое именува и разрешува судии, Фетаи вели дека се збори за истиот претседател на Судскиот совет кој беше сменет од претходната влада, а ДУИ ги користеше луѓето во Судскиот совет за да го смени тој претседател на Судскиот совет, заради случаите против Мијалков.

Фото: Трилинг / Арбен Фетаи

„Ако се сеќавате, како начин да ги заштити луѓето во системот кои се наклонети кон ДУИ и кои го штитеа Мијалков и сите други случаи на корупција на високо ниво од страна на нивната влада. Мислам дека е доста жално што претседателот на Судскиот совет поднесува оставка и дава излагање, кое беше политичко беше длабоко политичко, кога и останаа само неколку дена. Мислам дека мандатот и завршуваше на 5 декември. Таа вчера поднесе оставка, на три дена пред истекот на нејзиниот мандат. Мислам дека тоа беше претстава, непотребна претстава.

-Не мислам дека сме таму и дека се соочуваме со истите ризици. Мислам дека многу е направено, особено со поддршка на меѓународните партнери, посебно со поддршката на ЕУ и САД. Има јасен сет на препораки што треба да ги следиме. Ги имаме 40-те препораки од Европската Унија, додаде Фетаи.

Околу тоа дали смета дека треба да се распушти Судскиот совет и советот на обвинители, Фета вели дека ова ќе се случи бидејќи мандатите на членовите постепено завршуваат.

„Значи ќе има обнова во редовите на Судскиот совет. Истото ќе важи и за Советот на обвинители. И полека ќе видиме дека оние кои беа одговорни за неказнивост… Да се ​​потсетиме дека во 2023 година и во 2024 година, затоа што сме во истата ситуација, немавме ниту една конечна пресуда за корупција на високо ниво. Ова не е нормално. Мислам, корупцијата вртоглаво порасна. Сите се согласуваат дека имаме огромен проблем со корупцијата во Северна Македонија, но никој не завршува во затвор. Тоа значи дека некој ги штити тие луѓе, кои се често, за жал, високи политичари, функционери. Мислам дека се штитат еден со друг. Има некои елементи во судскиот систем и во обвинителскиот систем кои се корумпирани.

Знаеме дека системот, за жал е заразен од чумата на корупцијата. Често велам дека многу луѓе во судскиот систем, во обвинителството, се дел од проблемот, а не од решението. Тие луѓе полека ќе почнат да го напуштаат системот бидејќи нема да се вклопат на начинот на кој новите закони ќе го организираат системот“, изјави Фетаи.

Целото интервју со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи дадено за „Трилинг“, погледнете го во видеото.