Репрезентацијата на Уругвај заврши како трета на Копа Америка откако по пенал – рулетот беше подобра од Канада.
Прво резултатот беше 2:2.
Бетанкур уште во 8.минута донесе водство на момците на Марсело Биелса, за да потоа Коне израмни на 1:1 во 22.минута.
Дејвид во 80.минута донесе водство на Канада, за да Суарез во 90+2.минута на Уругвај му донесе израмнување на 2:2.
Во пенал серијата Коне и Дејвис кај Канада не успеаја да реализираат додека кај Уругвај сите беа сигурни пеналџии и со тоа дојдоа до тоа трето место што веројатно е мала утеха за тимот кој посакуваше финале.