Пет лица загинаа во петокот вечерта во гранатирањето на Белгород и Белгородската област од Украина, јавуваат руските медиуми.
Синоќа вооружените сили на Украина (ВСУ) ги гаѓаа Белгород и регионот на Белгород со касетна муниција од повеќецевниот ракетен систем Вампир, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков.
Ukraine is a terrorist state…
🇷🇺🇺🇦❗️Gladkov: the death toll from the shelling of Belgorod and the Belgorod region has risen to 5, 37 civilians were injured, including 6 children. pic.twitter.com/AXZYcIAIjI
— Zlatti71 (@Zlatti_71) August 30, 2024
Меѓу петте загинати има една жена и четворица мажи, кои од повредите починале на лице место пред да пристигне брзата помош.
Во болниците има 37 лица, меѓу кои седум деца. Едно дете е во тешка состојба и оперирано.
Двајца ранети возрасни лица се подготвуваат за транспорт во Москва.
Руската државна новинска агенција ја преброи штетата.
Според нив, во Белгород искршени се покривите и прозорците на две станбени згради, а на друга е оштетено стаклото.
Евидентирани се и штети во два социјални и два стопански објекти.
Девет автомобили биле погодени од шрапнели.
A Belgorod in Russia, gli ucraini bombardano
Abitazioni civili ed automobili con armi Nato.
Immagini impressionanti .
Si contano già diverse vittime.
Ma non è questa una novità.
La Nato è la più grande associazione terroristica mondiale pic.twitter.com/9Pp489izJt— свет (@vadim07751823) August 30, 2024
На периферијата на градот се запали сува трева и тој пожар е изгаснат.
Во селото Дубовоје, област Белгород, како резултат на напад на украинските вооружени сили, 13 автомобили паркирани во близина на трговски центар беа оштетени од директни удари, две куќи, автомобил и гаража се запалија.
Во селото оштетени се и покриви, а искршени се прозорци на една станбена зграда и пет приватни станбени објекти.