(Видео) Уводник на вечерашното издание на Трилинг: На ред се Ковачевски, Ахмети и Мицкоски

Уводник на вечерашното издание на Трилинг, тема се актулените политички случувања во државава

Домашните политичари се притиснати. Жално е кога сфаќате дека тие се помалку ги разбираат и прифакаат пораките од центрите на геополитиката. Стејт департментот порачува дека лидерите, сите партиски лидери, во Северна Македонија треба да ги ослободат од стегите и туторството судиите и обвинителите.

На ред се и дел од старо-новите олигарси. Адресата е до Ковачевски, Ахмети, Мицкоски. Процесите за дамнешните сомневања за криминал со „Скопје 2014“ само ја отвори вратата за дополнителните, матните и криминални зделки на дел и актуелните од владеачките личности или бизнисмени блиски до нив.

Треба да се охрабрат обвинителите Јолевски и Абази да ѝ одгворат на јавноста дали колку во догворот со Бехтел-енка има злоупотреби, во големите бизниси со енергијата и енергенсите се трошат баснословни суми без конторла? Или кој треба да одгвора ако во меѓународните зделки Македонија ќе треба да плати обештетување од над една милјарда евра?

По две основи- самите се сторители или се јатаци на криминалците кои ги полнат своите џебови. Така ќе изчезат од скуптовите на своите политички ментори.

Може да биде погубно за профилот на кој било македонски политичар ако ја изгуби рамнотежата меѓу изборната кампања и самодоволноста.

Опозицијата ја менува реториката. Сега не е во прашање бугарскиот диктат, туку нема уставни промени поради големата корупција и криминал. Се разбира вклучувајчки ги актерите од својата партија. Но што тука пречи да се отвораи уставна постапка за преамбулата и во неа да се вградат и македедонските граѓани со бугарска национална свест?