Кој губи, а кој добива од политичките надмудрувања во Алијанса за Албанците?
На овие прашања одговараат Ирена Мулачка, уредник во медиумот „Фокус“ и Марко Трошановски кој е аналитичар.
Трошановски смета дека целта, односно крајниот епилог е поделба на партијата.
Епилогот е да биде поделба на партијата. Дали ќе има време да се регистрира нов политички субјект ќе видиме. Ќе бидат во игра оние балкански примери чив е печатот, но изгледно е дека ќе се подели. Поверојатно е дека крилото кое се приклонува кон Таравари е во мнозинство. Оваа поделба ќе оди повеќе во корист на ова крило според она што досега е видливо. Електоратот како ќе се однесува и што ќе препознае допрва ќе препознаеме, вели Трошановски.
Според Трошановски во внатрепартискиот раскол најголем губитник е самата партија.
На друг начин можеби токму ваквото прочистување на делувањето во рамки на партијата можеби е добро на долгорочен план за самата партија. Очигледно е дека во македонското политичко милје по смена на лидерската позиција вакви фракции секогаш се јавуваат. Транзицијата на моќ и власт не следуваат природни, туку задкулисно има различни струии кои се во конфронтација. Која ќе биде придобивката – единствено кристализација кај албанскиот електорат, вели тој.
Тој додава дека крилото на Села тежнее кон ДУИ, а одлуката за „самостоен“ настап е само параван.
Иако официјално е дека струјата на Села е за самостојно да настапува на изборите мислам дека повеќе од јасно е дека тоа е кон поддршка на ДУИ. Нивно коалицирање би било со партијата ДУИ. Од друга страна, окрупнувањето на албанскиот опозициски фронт за првпат ја има можноста да се спротивстават на ДУИ. Оваа поделба на Алијанса е многу тазе да знаеме какви се двете струи, категоричен е аналитичарот.
Дали е можно да се случи да се гласа реконструкција на владата предводена од Џафери?
Не верувам од причина што досега само два пратеника од Алијанса дадоа поддршка на Таравари. Најмногу ќе видиме од гласањето за разрешување на министрите.
Изборните резултати какви и да се најмнногу зависат од албанскиот електорат. Тоа ќе ги предодреди изборните коалиции.
Како што кажав, изедначена е борбата меѓу албанската власт и опозиција. Најизвесна е коалицијата е меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција, иако е можна и владина коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Трошановски нагласува дека желбата за власт е пред се.
Тој не верува дека ќе има широка влада по изборите.
Како исход нема да се случи, а доколку беше опција мислам дека е погубно како за меѓуетнички односи така и за Уставните измени да бидат усвоени бидејќи само ќе го зголеми отпорот на ВМРО-ДПМНЕ кон уставни измени.